-
Останато
Дигитален апарат за крвен притисок – Pic Lite Rapid
2.170,00 ден- LITE RAPID е едноставен дигитален апарат за мерење на крвниот притисокна надлактица;
- Има технологијата за брзо мерење на податоците веднаш штом уредот ќе почне да пумпа;
- Индикатор за нивото на крвниот притисок;
- Детектор за неправилно чукање на срцето;
- Широка манжетна за прицврстување (M-L) 22-42 cm;
- Просек од последните три мерења;
- 2*60 меморија за датум и време;
-
Женски ортопедски чевли
Женски патики Уни
4.390,00 ден- Патки изработени од висококвалитетна природна кожа во внатрешниот и надворешниот дел;
- Имаат анатомски обликуван ѓон;
- Вградена ортопедска влошка;
- Рамномерно го распределуваат притисокот на стапалото;
- Обезбедуваат правилна позиција на стапалата
-
Останато
Дигитален апарат за крвен притисок – Pic Cardio Free
2.240,00 ден- Дигитален апарат за мерење на крвен притисок дизајниран и произведен со најсовремена технологија.
- Eдноставен и лесен за употреба, идеален за секојдневно следење на притисокот.
- Се поставува на надлактицата и за неколку секунди го мери крвиот притисок и срцевиот пулс.
- Апаратот има аларм кој се активира при неправилно отчукување на срцето.
- Има LCD дисплеј 44 × 60 mm и меморија на последните 60 вредности.
- Работи на две алкални батерии од 1,5V.
-
Останато
Дигитален апарат за крвен притисок – Pic Cardio Simple
2.650,00 ден- Автоматски монитор за крвен притисок за често следење со брзи мерења на крвниот притисок.
- Екран: ЛЦД -екран 44х60 мм.
- Брз и точен приказ за мерење во фаза на компресија.
- Прикажува неправилно чукање на срцето.
- Просек на последните 3 мерења.
- Датум и време на мерењата.
-
Навлаки
Силиконска навлака (Линер) APDT-TP/APFR-TP – Alps®
Силиконска навлака со градуирана дебелина на материјалот, од подебел слој на предната страна кон потенок слој на задниот дел, за да обезбеди поголема слобода на движење на корисниците. Во предниот дел навлаката има дебелина од 6 мм, а во задниот 3 мм. Со ова се обезбедува помала иритација и високо ниво на заштита на коскените делови. Навлаката се препорачува за корисници со подколена ампутација (транстабијална), со средно и високо ниво на активност.
-
Стапала
Карбонско стапало Mahi
Со својот уникатен систем на зглобна карбонска пружина, Мahi уште подобро го реплицира ефектот на мускулите и тетивите на природното стапало. Mahi овозможува пријатно движење, со многу поголема динамичност и неспоредливо ниво на мобилност. Со својот елегантен финиш, мат црн изглед и пружина од јаглеродни влакна, Mahi се издвојува од конкуренцијата. Една од првите карактеристики што сe забележува кај ова стапало е неговата многу мала височина. Може да се каже дека е стапало со низок профил.
- Мека, балансирана амортизација при нагазување на пета, за подобар трансфер во фаза на целосно оптоварување на стапалото.
- Ефикасно, стабилно оптоварување на стапалото, одлична распределба на тежината.
- Mahi обезбедува најмалку 8 ° на странична инклинација (инверзија и еверзија), гарантирајќи одлична стабилност на кој било терен.
-
Протези
Карбонско стапало Upya
Upya стапалото го репродуцира природното движење на човекот. Има уникатен дизајн кој одговара на големини од 25 cm до 29 cm. Деловите на Upya делуваат како скелет, додека динамичниот дизајн на пружината обезбедува сила исто како природна нога. Ова стапало гарантира удобност, стабилност и динамика, карактеристики што се потребни за поголема мобилност на корисникот.
- Динамично: благодарение на неговата карбонска пружина која овозможува зголемен поврат на енергија.
- Целосно биомеханичко: одличен дизајн кој го реплицира скелетот на природното стапало.
- Обезбедува комфор: благодарение на неговата специфична геометрија и материјалите од кој е изработен.
- Нагазот на пета е мек и удобен.
- Upya е стабилно стапало, со кое ќе се чувствувате самоуверено.
- Upya добро се прилагодува на различни површини, така што повеќе не морате да се грижите за вашето движење по нерамен терен.
- Водоотпорно на слатка, хлорирана и солена вода.
-
Колена
Микропроцесорско колено Orion3
Микропроцесорското колено Orion 3 има подобрени функции и понапредна технологија. Orion3 им овозможува на корисниците безбедно да го реплицираат природното движење низ различни терени и со различни брзини.
Водоотпорен: Orion 3 e тестиран на млаз вода од повеќе правци и доби меѓународен сертификат за IP-55. Ова им овозможува на корисниците да имаат поголема слобода и да не бидат ограничени од временските услови. Orion3 е опремен со дренажни отвори, што овозможува водата слободно да истекува од уредот. Строгите тестови потврдуваат дека корисниците на Orion3 се безбедни на дожд.
Подобрени перформанси за стабилност: Микропросерки командуваните функции го намалуваат ризикот од сопнување или паѓање. ESP функцијата го прилагодува хидрауличниот отпор во реално време, обезбедувајќи оптимална поддршка на положбата, без разлика дали се движите во гужва, на нерамен терен, падини, скали или стоите. Orion3 континуирано ја следи активноста на корисникот и соодветно на тоа реагира за поголема безбедност.
Природно движење: Orion3 има карактеристика која обезбедува поголема отпорност на флексија кога ќе се појави ненадејно забавување, со што доведува до зголемена сигурност на коленото. Со ова корисникот добива поголема поддршка, контрола и стабилност.