Врз основа на чл.387 од Законот за трговските друштва, чл.17 и чл.20 од Статутот на Центарот за ортотика и протетика Славеј а.д. Скопје, Управниот одбор на Друштвото објавува:
ЈАВЕН ПОВИК ЗА СВИКУВАЊЕ НА ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРИ
Седницата на Собранието ќе се одржи на ден 24.06.2026 година со почеток во 14.00 часот во деловните простории на Центарот за ортотика и протетика Славеј а.д. Скопје со седиште на ул.Васил Ѓоргов бр.45 Скопје. За седницата на Собранието се предлага следниот:
ДНЕВЕН РЕД
I Процедурален дел:
1. Отварање на седницата на Собранието и избор на претседавач.
2. Избор на верификациона комисија.
3. Утврдување на кворум за работа на Собранието.
II Работен дел:
1. Усвојување на записникот од последната седница на Собранието на акционери.
2. Разгледување и усвојување на ревизорскиот извештај од назначениот овластен
ревизор за работата на друштвото во 2025 год.
3. Донесување на Одлука за назначување овластен ревизор за вршење ревизија на работењето на друштвото за 2026 год.
4. Разгледување и усвојување на Годишната сметка и Годишниот извештај за работењето на Друштвото за деловната 2025 год.
5. Донесување на Одлука за распределба на добивката остварена по Годишната сметка за 2025 год.
Собранието одлучува само за прашања кои се уредно ставени на дневниот ред. Согласно Статутот на Друштвото гласањето на Собранието е јавно.
Право на учество во работата и право на глас во Собранието има секој акционер лично или од него именувано лице кое ќе го застапува на Собранието со писмено полномошно.
Акционерот за секое дадено полномошно по писмен пат треба да го извести Друштвото.
Акционерот е должен да го пријави своето учество најдоцна пред почетокот на седницата на закажаното Собрание.
Согласно Законот за трговските друштва, акционерите кои поединачно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број на акции со право на глас, имаат право да достават предлог за дополнување на дневниот ред и одлуки по точките од дневниот ред.
Акционерите барањето за вклучување на една или повеќе точки во дневниот ред на собранието и/или предлагање на одлуки за усвојување можат да го достават во рок од 8 дена од денот кога е објавен јавниот повик за одржување на седницата на Собранието.
Материјалите за работа на Собранието ќе им бидат достапни на акционерите од денот на објавување на јавниот повик секој работен ден од 12.00-14.00 часот во просториите на Друштвото и истите ќе бидат објавени на официјалната интернет страницата на Друштвото:www.slavej.com.mk
УПРАВЕН ОДБОР
ЦЕНТАР ЗА ОРТОТИКА И ПРОТЕТИКА
СЛАВЕЈ А.Д.СКОПЈЕ
БРОЈ НА АКЦИИ И ГЛАСАЧКИ ПРАВА
На денот на објавување на јавниот повик за учество на Годишно собрание на акционери на Друштвото на 23.05.2026 година, Центарот за ортотика и протетика Славеј а.д. Скопје има издадено вкупно: 20.485 обични акции.
Вкупниот број на обични акции со право на глас на 23.05.2026 година изнесува 20.485 акции.
Записник од последното Годишно собрание на акционери. Zapisnik-Sobrаnie na akcioneri-2025g.
Финансиски извештаи за Годината што завршува на
31 декември 2025 и Извештај на независниот ревизор Revizorski izvestaj 2025g.
ПРЕДЛОГ ОДЛУКА
За усвојување на Ревизорскиот извештај за 2025 год. Predlog-Odluka za usvojuv.na Revizorski izvestaj 2025g
ПРЕДЛОГ ОДЛУКА
за назначување на овластен Ревизор за вршење на ревизија за деловната 2026 год. Predlog-Odluka za naznacuv. na Revizor za 2026g
ПРЕДЛОГ ОДЛУКА
за усвојување на Годишната сметка и Годишниот извештај за работењето на друштвото за 2025 година .Извештај за работењето на Славеј АД Скопје за 2025 год. Godisen izvestaj 2025g.
ПРЕДЛОГ ОДЛУКА
За усвојување на Годишната сметка и Годишниот извештај за работењето на друштвото за 2025 година. Predlog-Odluka za usvojuv.na God.smet.Izves.za delov.-2025g
ПРЕДЛОГ ОДЛУКА
За распределба на нераспределената добивка
за деловната 2025 год. Predlog-Odluka za raspredelba na dobivka za delov.-2025 g