-
Индивидуални производи
Корективен апарат за корекција на скочен зглоб
2608 | Корективен апарат за корекција на скочен зглоб (Редерсман)
- Динамична потколена ортоза која се изработува по индивидуален отисок има вграден флексибилен и еластичен зглоб за глужд, со што се овозможува оптимална контрола на глуждот и стапалото.
- На задната страна на ортозата вграден е граничник со кој се ограничува и регулира прекумерно спуштање на стапалото.
- Овозможува добра поддршка кај нестабилност во валгус или варус (навалување на глуждот).
- За поголема удобност постои можност за обложување на внатрешноста на ортозата како и можност за додавање на индивидуално произведена влошка под стапалото.
-
Индивидуални производи
Потколена корективна лонгета за корекција на деформитети на стапало
2610 | Потколена корективна лонгета за корекција на деформитети на стапало
- Ортоза на глуждот (AFO), која е изработена по индивидуален отисок, помага за подобрување на начинот на одење преку спречување или ограничување на несакани движења на потколеницата и стапалото, притоа давајќи поддршка на послабите мускули на потколеницата.
- Исто така се користи за одржување на позицијата на скочните зглобови, корекции на деформитети и помага во намалувањето на спастичноста.
- Изработена е од пластика со можност заради поголема удобност да се обложи од внатрешната страна на ортозата.
-
Корисни помагала
Потпирач за грб
2.650,00 ден- Медицинскиот потпирач за грб кој се поставува на кревет за потпора на главата и грбот;
- Идеален е за оние кои поминуваат многу време во кревет поради болест или тешкотии при мобилност;
-
Корисни помагала
Даска за трансфер
1.811,00 ден- Се користи за преместување на неподвижни пациенти од кревет во инвалидска количка, од количка во автомобил и слично;
- Со цел полесен трансфер и да се спречи лизгање и паѓање.
-
Корисни помагала
Носилка за пациенти – склоплива
6.500,00 денОваа медицинската носилка е користена од болничарите, брза помош и другите здраствени работници. Има мала тежина бидејќи рамката е алуминиумска. Носилката е изработена од полиестер обложен со ПВЦ, што ја прави доволно силна да издржи носивост до 120 кг.
-
Корисни помагала
Пластична заштитна маска за лице
1.980,00 ден- Маска за лице која се користи како заштита на лицето од повреди при спортување;
- Помага во заштитата од максиларни, назални, зигоматични и орбитални повреди;
- Може да се користи како заштита пo операција на носот, повреди на носот или фрактура на зигоматичните коски.
-
Корисни помагала
Појас за хумано врзување на раце
6.250,00 ден- Појасот за хумано врзување нуди можност за фиксирање на пациентот во пределот на рацете.
- Има неколку нивоа со кои се прилагодува опсегот на слободата на движење на рацете;
- Погоден за лежечки пациенти, на кои им е потребно контрола на движење на рацете: целосно ограничено движење, делумно ограничен опсег на движење, на едната или на двете страни.
-
Корисни помагала
Појас за хумано врзување на нозе
6.250,00 ден- Појасот за хумано врзување нуди можност за фиксирање на пациентот во пределот на нозете;
- Има неколку нивоа со кои се прилагодува опсегот на слободата на движење на нозете;
- Погоден за лежечки пациенти, на кои им е потребно контрола на движење на нозете: целосно ограничено движење, делумно ограничен опсег на движење, на едната или на двете страни.