-
Корисни помагала
Топло ладна облога PIC
590,00 ден- Топло ладна облога за повеќекратна употреба која лесно се прилагодува на телото;
- Се користи за топла и ладна терапија во зависност од повредата и потребите;
- Внатрешноста на облогата е гел кој не замрзнува и не се лизга кога ќе се постави;
- За топла терапија се загрева во топла вода или микробранова печка;
- За ладна терапија, пред употреба, се става во замрзнувач;
- Димензија: 10×26 см.
-
Корисни помагала
Топло ладна облога за колено PIC
610,00 ден- Топло ладна облога специјално дизајнирана за колено;
- Има ергономска форма која овозможува да се постави на коленото без да го ограничува движењето;
- Има мека и удобна еластична лента со која се прицврстува на коленото;
- Облогата постепено ослободува топло или ладно во зависност од повредата и потребите;
- За топла терапија се загрева во врела вода или микробранова печка;
- За ладна терапија, пред употреба се става во замрзнувач;
- Димензија: 17×30 см.
-
Корисни помагала
Топло ладна облога со навлака PIC
815,00 ден- Топло ладна облога за повеќекратна употреба која лесно се прилагодува на телото;
- Има навлака и две еластични ленти;
- Се користи за топла и ладна терапија во зависност од повредата и потребите;
- Внатрешноста на облогата е гел кој не замрзнува и не се лизга кога ќе се постави;
- За топла терапија се загрева во топла вода или микробранова печка;
- За ладна терапија, пред употреба, се става во замрзнувач;
- Димензија: 20×30 см.
-
Анатомски кломпи
Ортопедски кломпи -индивидуални
2.550,00 ден- Кломпите се изработуваат индивидуално, по мерка на корисникот од висококвалитетна природна кожа;
- Горниот дел е перфориран со што се овозможува циркулација на воздух;
- Имаат вградена анатомска влошка за подобра поддршка на стапалото и распределба на притисокот при долготрајно стоење;
- Може да се одбере висина на пета 3-6 см.
-
Дубаци и одалки
Одалка со ракофат без тркала
1.361,00 ден7302 | Одалка со ракофат без тркала
- Одалката со ракофат без тркала има широка рамка и голем број прилагодувања на висината.
- Овој модел на одалка е ултра лесен поради алуминиумскиот материјал.
- Дизајнот на копчето за преклопување и затворање го прави истото да биде многу лесно и едноставно.
-
Дубаци и одалки
Одалка со ракофат со 2 тркала
2.450,00 ден7303 | Одалка со ракофат со 2 тркала
- Одалката со 2 тркала има широка рамка и голем број прилагодувања на висината.
- Овој модел на одалка е ултра лесен поради алуминиумскиот материјал.
- Дизајнот на копчето за преклопување и затворање го прави истото да биде многу лесно и едноставно.
-
Дубаци и одалки
Одалка со четири тркала (Ролатор) – DYO
5.250,00 ден- Ролатор изработен од квалитетна легура на алуминиум, наменето за лица кои имаат тешкотии во одењето;
- Склоплив и лесен со вкупна тежина од 7,5 кг;
- Има четири тркала кои го олеснуваат движењето на корисниците;
- Рачките се подесуваат по висината и имаат сопирачки кои се користат за намалување на брзината;
- Ролаторот има седиште обложено со пена кое се користи за одмарање на корисникот по долги прошетки.
-
Дубаци и одалки
Одалка со четири тркала (Ролатор) – Eco Plus
7.580,00 ден- ECO-Plus е склоплива и високо прилагодлива одалка со 4 тркала;
- Рачките се подесуваат во висина до 102 см, што ја прави практична и за повисоки корисници;
- Опремена е со дополнителна мрежа за пазарување, седиште кое се преклопува и висококвалитетни сопирачки;
- Има можност за прилагодување на висината на седиштето.;
- Одалката има можност за целосно расклопување со цел за полесен транспорт во мал простор.