Милвоки мидер

Милвоки корсетот, познат и како цервико-торако-лумбо-сакрална ортоза или CTLSO, е активна корективна спинална ортоза за рбет која обично се користи во третманот на ‘рбетни искривувања кај деца.
Ортозата обично се препишува за деца со постурално нарушување кои не завршиле со својот раст или кои се во период на брз раст. Не се користи за возрасни или адолесценти кои веќе го завршиле растот бидејќи нема да има ефект. Поради ефикасноста и релативната прифатливост на денешните помодерни ортози денес Милвоки ортозата се користи поретко. Сепак, сè уште се препорачува за третман на деформитети повисоко во торакалниот или цервикалниот ‘рбет. Конзервативните цели за управување со сколиозата се да се стабилизира и спречи прогресијата на деформитетот на ‘рбетот.

Опис

Ортозата се изработува по индивидуална мерка на корисникот.Се состои од прстен околу вратот со налегнување под вилицата  и две окципитални влошки на задниот дел од главата  за да се избегне висок притисок во пределот на вратот,  пластичен карличен појас, алуминиумски шини напред и назад и кожни торакални перничиња. За постигнување на ефект при лекувањето се препорачува  да се носи 23 часови на ден. Неопходна е редовна контрола од лекар.

Коментари

Се уште нема коментари.

Впишете прв коментар за “Милвоки мидер”
Shopping Cart