Помагалата за одење се средства за олеснување, одржување или подобрување на движењето, најчесто препорачани од лекар или физиотерапевт, со цел да се обезбеди независност и мобилност на корисникот. Овие помагала се наменети за лица кои не можат да ја издржат сопствената тежината, на еден или двата долни екстремитети, поради операција, повреда или болка. Тие можат да бидат од корист и за лица со ослабени мускули и нарушена рамнотежа.
Помагалата за одење може да се користат привремено за време на процесот на заздравување или закрепнување, или пак долгорочно, во случаи на инвалидитет, старост или дегенеративни болести. Најчесто користени помагала за одење се подлакотни и подпазувни патерици, бастуни, одалки и ролатори. Сепак, физиотерапевтот може да предложи и други специјализирани помагала за одење, кои со својата големина, материјал и дополнителни карактеристики ќе бидат подобро прилагодени на индивидуалните потреби на корисникот.
Помагала за одење од Славеј:
Патерици:
Полакотни
Подпазувни
Бастуми за одење:
Алуминиумски бастум
Троножен бастум
Четвороножен бастум
Одалки:
Одалка со ракофат без тркала
Одалка со ракофат со две тркала
Одалка со подлакотна потпора
Одалка со подпазувна потпора
Детска одалка со 4 тркала за церебрална парализа
Одалка на 4 тркала – детска

Ролатори:
DYO
Eco Plus
Four Light
Quadri-Light

Како да се избере вистинското помагало?

Пред сè, важно е да се истакне дека не сите помагала за одење се соодветни за вашите индивидуални потреби. Изборот на најпогодното помагало треба да се заснова на неколку фактори, како што се вашата висина, тежина, здравствена состојба, ризикот од паѓање, мускулната сила и специфичните способности за мобилност.
Неправилно избрано помагало може да го загрози вашето здравје, да го продолжи периодот на закрепнување или да го отежни. Затоа е потребна консултација со лекар или физиотерапевт за целосна проценка на вашите потреби.
Подлакотни патерици: За лица со поголема сила во горниот дел од торзото и добра рамнотежа.
Подпазувни патерици: За лица со послаб горен дел од торзото.
Бастуми: За лица на кои им е потребна едноставна помош при одење.
Одалки: Кај лица кои имаат страв од паѓање, поради нарушена рамнотежа.
Ролатори: За лица со добра рамнотежа а слаб горен дел од телото.

Како да го прилагодите помагалото за одење?

Откако ќе се избере правилното помагало за одење, треба да се прилагоди за да се оптимизира за да биде безбедно се обезбеди безбедност и да се спречи понатамошна повреда.
За да ја одредите висината на помагалото, неопходно е да ги носите вашите секојдневни чевли за пешачење.
• Застанете исправено и оставете ги рацете природно да се постават покрај телото.
• Додека сте во оваа положба, прилагодете ја висината на рачките така што тие ќе бидат на ниво на вашиот зглоб.
• Треба да се чувствувате удобно при користење на помагалото и лактите да ви бидат благо свиткани под агол од приближно 20 до 30 степени.


Слика 1. За подлакотни патерици, одалки и бастуми – прилагодете ги рачките на помагалото на нивото на вашиот зглоб.

Слика 2. Прилагодување на подпазувна патерица – прилагодување на нивото на пазувите, оставајќи 3 прста простор помеѓу патерицата и пазувите – прилагодување на рачката на ниво на зглобот – свиокот во лактот не треба да надминува приближно 30 степени.

Дали постои ризик од паѓање?

Кога првично се користи помагало за одење, телото усвојува нова шема на движење, што доведува до промени во силата и тежиштето на телото се поместува. За да се прилагодите на помагалото и да го намалите ризикот од падови и повреди, важно е да се консултирате со физиотерапевт и да ги следите неговите препораки. Советите на физиотерапевтот можат да вклучуваат прилагодување на средината во која се движите, редовно земање лекови и одржување на општото здравје и кондиција.

Побарајте помош од вашето семејство или некој близок за создавање на безбедна средина и бидете свесни за факторите кои го зголемуваат ризикот од паѓање:

  • Избегнувајте нестабилни површини (плажи, чакал, кал, итн.);
  • Избегнувајте лизгави површини (мокри, восочни подови или мазни цементни подови), внимавајте во кујната или бањата;
  • Внимавајте на нерамни површини;
  • Обезбедете соодветно осветлување;
  • Отстранете ги килимите/теписите, особено ако се поставени на полиран под;
  • Отстранете ги телефонските или другите продолжни кабли;
  • Избегнувајте места каде што има преголема концентрација на луѓе;
  • Обрнете внимание на детските играчки кои може да се најдат на земја;
  • Бидете внимателни околу домашните миленици;
  • Не дозволувајте деца или други да си играат со вашите помагала.

Оптимизирајте ја вашата безбедност:

  • Носете удобни чевли без високи потпетици/ѓонови.
  • Проверувајте ги гумените капачиња на вашите патерици/одалки двапати неделно, особено ако одите надвор.
  • Други фактори кои можат да го зголемат ризикот од паѓање се лековите што ги пиете, особено лековите за смирување (седативи, лекови против анксиозност, силни лекови за намалување на крвниот притисок – антихипертензиви) и консумирање алкохол.
  • Ако се чувствувате лошо, уморно или имате болка, веднаш побарајте совет од вашиот лекар или физиотерапевт. Побарајте помош од вашето семејство и пријатели и избегнувајте да го користите помагалото сами додека не добиете дополнителни информации или помош.

Како да користите помагала за одење?

Обувките треба да бидат удобни. Посебно треба да внимавате на лизгави или влажни подови. Доколку е можно, избегнувајте ги.

Одење

Ако ви се советува да одите со полна тежина:

Патериците, одалките или бастумот за одење може да ви помогнат да одржите рамнотежа при одењето. Доколку вашиот физиотерапевт ве советува да користите само една патерица или бастун, помагалото треба да се користи на спротивната страна од од зафатената, слаба или заболена нога.

  • Ставете ја патерицата пред вас.
  • Направете исчекор напред со слабата нога до патерицата.
  • Потпрете се на патерицата и на вашата слаба нога.
  • Зачекори напред со здравата нога.
  • Откако ќе воспоставите добра рамнотежа, повторете ги чекорите од 1 до 4.

Ако ви се советува да одите со делумна тежина на вашата повредена нога:

Потребни се две патерици или одалка. Почитувајте ги препораките од вашиот лекар.

  • Ставете ги патериците или одалката пред вас.
  • Исчекорете напред со повредената нога до патерицата/одалката и спуштете ја повредената нога на подот.
  • Рапсределете го најголемиот дел од вашата тежина на патериците/шетачот и само делумно на повредената нога.
  • Направете чекор напред со вашата здрава нога.
  • Откако ќе воспоставите добра рамнотежа, повторете ги чекорите од 1 до 4.

Одалка

  • Застанете пред одалката и држете ја со двете раце.
  • Направете чекор напред со десната нога и во исто време движете ја одалката со десната рака, исто така напред.
  • После тоа, направете го истото со левата нога – направете чекор напред и во исто време движете ја одалката со левата рака, исто така напред.
  • Ако се чувствувате сигурни кога ја користите одалката – продолжете со повторување на чекорите 2 и 3.Како да седнете и да станете?
    Како да седнете:

    • Застанете пред столот и поставете се така што вашата здрава/посилна нога ќе го допре работ на столот.
    • Отстранете ги патериците од рацете и ставете ги на цврста потпора за да не паднат на подот. Погрижете да ви бидат во близина за лесно да ги земете подоцна кога ќе сакате да станете.
    • Внимателно истегнете ја слабата/повредената нога напред.
    • Повлечете ги рацете назад кон потпирачот за рака или работ на столот и потпрете се на рацете.
    • Малку свиткајте го телото напред додека истовремено виткајте го коленото на здравата нога. Префрлете ја телесната тежина на вашите раце и повлечете се до задниот дел од столот.

      Како да станете:

      • Внимавајте патериците секогаш да ви бидат во близина и да можете лесно да ги дофатите.
      • Седнете на работ на столот.
      • Свиткајте ја здравата нога на столот и поставете ја слабата/повредената нога малку напред.
      • Држете го столот или потпирачот за раце со двете раце. Свиткајте го телото напред и туркајте се нагоре со рацете. Поддржете ја тежината на вашите раце за да застанете на вашата здрава нога.
      • Треба да направите баланс и кога ќе се почувствувате стабилни земете ги патериците.

    Одење со патерици по скали:

    Користете скали само откако претходно сте научиле како да ги користите со патерици. Важно е учењето на шемата за одење по скали со помагало да се одвива под надзор на физиотерапевт. Качувајте се и спуштајте по скалите со патерици само по одобрение од вашиот физиотерапевт.

    Лицата кои користат одалки, не се препорачува самостојно да се движат по скали.

     Качување по скали:

    • Свртете се кон скалите и доближете се.
    • Вашите патерици треба да се на исто ниво како што стоите.
    • Одморете ја тежината на вашите раце и поставете ја здравата нога на скалата.

    Подигнете ја слабата нога заедно со патериците на скалата, до здравата нога.

Симнување по скали:

  • Застанете со прстите на вашата здрава нога блиску до работ на скалите.
  • Спуштете ги патериците на една скала подолу.
  • Полека спуштете ја слабата/повредената нога на истото скалило како и патериците, а потоа спуштете ја здравата нога.
  • Откако ќе воспоставите добра рамнотежа, повторете ги чекорите од 1 до 4.

    Како да одржувате помагалото за одење чисто?Вашите помагала за одење, не бараат посебно одржување, освен замена на гумичките кога се истрошени. Овде можете да најдете резервни гумички.

    Ако откриете оштетени делови на вашето помагало, како што се цевката, рачката или системот за заклучување, треба веднаш да го замените помагалото.

    Исчистете ги помагалата за одење со благ детергент или сапун, избришете ги со вода и потоа исушете ги со чиста крпа. Секојдневно чистете ги рачките. Не го потопувајте  во вода.