Без разлика колку удобно седите, ако вашата работа бара да седите поголемиот дел од денот, тоа дефинитивно ќе ви го оштети грбот и евентуално ќе доведе до заболувања на ‘рбетот и напнати мускули. Обидете се да станувате по една или две минути на секои половина час, малку да се истегнете и да прошетате.
И покрај насловот на статијата, мора да сфатиме дека здравото седење всушност не постои и дека седењето не може да биде добро за нашиот ‘рбет на никаков начин. Сепак, можеме да ви покажеме колку е важно да изберете добар стол и лумбални потпори што ќе ги намалат симптомите на болка и непријатност.
7 совети за правилно седење:
- Седите што е можно помалку во канцеларијата – обидете се да стоите што е можно повеќе. Ако не можете да правите чести паузи, станете секогаш кога можете – отидете до принтерот да ги земете печатените документи, ако ви треба нешто од колегата, станете и отидете до неговата работна маса…

- Седете со потпора за грбот (да речеме, со перница направена за оваа намена)
- Држете ги колковите и колената под прав агол (доколку е потребно, ставете потпирач за нозе под нозете).
- Седнете на стол со потпора за грбот и потпирачи за раце. Седењето на мека софа или стол, води до искривување на грбот. Внимавајте да не седите згрбавени!
- Во канцеларијата, прилагодете ја висината на столот и бирото така што ќе седите доволно блиску до бирото. Лактите и рацете треба да ви бидат потпрени на масата а рамењата да ви бидат порамнети.
- Ако столот се врти, не вртете се само со горниот дел од телото, туку свртете го целото тело.
- Кога станувате од седечка положба, прво поместете се до работ на столот, а потоа подигнете се и застанете на нозе. Избегнувајте извиткување на половината.
Седењето со скрстени нозе е исто така честа глетка. Многу луѓе седат вака затоа што се навикнале на тоа и го прават тоа несвесно. Но, помалку луѓе знаат дека ова е многу штетно и за здравјето и за изгледот. Многу студии покажаа дека седењето со скрстени нозе долго време влијае на високиот крвен притисок – дури и ако воопшто нема проблеми со крвниот притисок. Избегнувањето на ваквото седење придонесува за подобра циркулација и ги спречува таканаречените пајажести вени. Упорното седење во оваа положба може дури и да доведе до парализа на перонеалниот нерв, што ги ослабува мускулите одговорни за кревање на стапалото.