-
Ортози
Неопренска ортоза за скочен зглоб со странична поддршка
1.130,00 ден- Неопренска ортоза која обезбедува поддршка и топлина во пределот на скочниот зглоб;
- Странично се поставени пластични ленти за дополнителна поддршка на внатрешна и надворешна страна на зглобот, во случаи на истегнување на тетивите на глуждот;
- Може да се користи како поддршка при нестабилност (повторливи истегнувања на скочниот зглоб), хронична болка во скочниот зглоб и како заштита при спортски активности;
- Изработен е од порозен неопрен кој овозможува воздухот да циркулира и спречува прекумерно потење во пределот на зглобот.
-
Потколени ортози
Имобилизатор за скочен зглоб
1.400,00 ден- Имобилизатор за скочен зглоб со воздушни перничиња;
- Обезбедува фиксација на скочниот зглоб;
- Има два пластични дела кои се фиксираат со лепливи ленти;
- Се препорачува при дисторзија и хронична болка на скочен зглоб;
- Може да се користи и за заштита на скочниот зглоб при спортски активности.
-
Потколени ортози
Ортоза за стабилизација Malleo Sprint – Ottobock.
3.200,00 ден- Модерна активна ортоза која безбедно го стабилизира скочниот зглоб по акутни повреди или при хронична нестабилност;
- Ортозата овозможува да се свитка стапалото нагоре и надолу, со што не го ограничува движењето при одење и при спортски активности;
- Ортозата е удобна при носење благодарение на анатомска форма, меките перничиња и порозниот материјал кој не ја иритира кожата.
-
Потколени ортози
Мултифункционална ортоза – Malleo TriStep
15.996,00 ден- Извртување на скочниот зглоб при спортување е честа повреда, која може да предизвика повреди на лигаментите, при што во многу случаи неопходна е операција проследена со неколку неделна имобилизација;
- Со примена на Malleo Tristep мултифункционалната ортоза, често операцијата се избегнува, а движењето и оптеретувањето на стапалото е можно за пократко време;
- Ортозата Malleo Tristep се прилагодува и користи во три различни фази на лекување и рехабилитација;
- По акутна повреда скочниот зглоб со ортозата е цврсто стабилизиран;
- Подоцна со движењето на стапалото постепено се контролира со ортозата, од ограничени движења до целосно слободно движење;
- Сето ова се постигнува со користење на само една ортоза Malleo Tristep која едноставно се прилагодува на потребите на корисникот.
-
Детски ортози
Корективна лонгета за корекции на деформитети на стaпало – детска
1.680,00 ден- Потколена детска лонгета која помага скочниот зглоб да се држи во функционална положба од 90 степени;
- Изработена е од полиетелиенски материјал од 3мм;
- За поголема удобност ортозата од внатре е обложена со перничиња од сунѓер и текстил кои по потреба може да се перат.
-
Детски ортози
Корективен апарат за корекција на стапало Денис Браун
6.263,00 ден- Ортозата е составена од метална шина и чевли изработени по мерка.
- Чевлите треба да обезбедат фиксација на стапалото во правилна положба, а растојанието меѓу стапалата се регулира со променливата должина на металната шина.
- Позицијата на стапалата во ортозата ја одредува лекар.
- Ортозата се носи со цел да се обезбеди правилен раст на стапалата после третман на стапалата по методот на Понсети.
-
Детски ортози
Ортопедски чевли за Денис Браун
3.250,00 ден- Чевли за корективен апарат за корекција на стапало Денис-Браун;
- Чевлите треба да обезбедат фиксација на стапалото во правилна положба, а растојанието меѓу стапалата се регулира со променливата должина на металната шина.
- Позицијата на стапалата во ортозата ја одредува лекар.
- Ортозата се носи со цел да се обезбеди правилен раст на стапалата после третман на стапалата по методот на Понсети.
-
Потколени ортози
Потколен пластичен апарат со ограничување на плантарна флексија (Перонеус)
3.012,00 ден2302 | Потколен пластичен апарат со ограничување на плантарна флексија (Перенеус)
- Ортозата за ограничување на плантарната флексијач
- Помага при одење кај проблеми со „паднато стапало” независно од кои причини;
- Изработен од лесен пластичен материјал;
- Едноставен за одржување;
- Благодарение на анатомскиот дизајн може да се вклопи во сите видови на чевли;
- Ортозата индивидуално се адаптира од страна на ортопедски техничар.