Опис
- Лесна алуминиумска инвалидска количка;
- Наслонот се прекршува за полесно склопување;
- Потпирачите за нозе се прилагодуваат под агол;
- Дополнителни кочници за поголема безбедност;
- Тркало против превртување;
- 3 позиции за висина на седиште.
3109D200VM
ФЗОМ 3109
*Деца до 18 години се ослободени од партиципација
На осигуреното лице кое трајно користи инвалидска количка му се одобрува стандардна лесна инвалидска количка која е наведена во списокот на ортопедски помагала.
Правото на инвалидска количка се утврдува врз основа на потврда напишана од двајца лекари специјалисти, од кои едниот со специјалност по физијатрија или ортопедија, другиот со специјалност по физијатрија, ортопедија, неврологија, невропсихијатрија или хирургија, а го потврдува со наод мислење лекарската комисија на Фондот.