• Индивидуални производи

    Чевли отворен фудбалски тип за протези

    3.114,00 ден

    4112 | Чевли отворен фудбалски тип за протези

    • Чевли изработени од висококвалитетна природна кожа;
    • Индивидуално по мерка на корисникот;
    • Чевлите се индицирани за корисници со натколени или потколени протези.

    *Моделот се изработуваат врз основа на претходно земени мерки и консултација од страна на стручно лице.

    Додај во кошничка
  • Индивидуални производи

    Специјални ортопедски чевли по гипсан модел

    4109 | Специјални ортопедски чевли по гипсан модел за специфични деформитети

    Чевлите се изработени по индивидуален отисок на корисникот. Со нив се компензираат сите видови деформитети на стапалата со што се добива растоварување на стапалата или саканата корекција на деформитетот.

    Боја и модел на чевлите по избор на корисникот од достапните во моментот на нарачка во зависност од состојбата на стапалата.

     

    Додај во кошничка
  • Медицински чевли

    Ортопедски чевли кај парцијални ампутации

    6.470,00 ден

    4111 | Ортопедски чевли кај парцијални ампутации со надградување на ампутацијата

    • Чевли изработени од висококвалитетна природна кожа;
    • Индивидуално за корисници кај кои од разни причини има недостаток на палец или дел од предниот дел на стапалото.;
    • Во чевлите се вградени корективни елементи со кои се корегираат деформитети;

     

    Додај во кошничка
  • Медицински чевли

    Чевли кај скратување на екстремитети над 6 см

    10.870,00 ден

    4113 | Чевли кај скратување на екстремитети над 6 см

    • Чевли изработени од висококвалитетна природна говедска кожа;
    • Индивидуално кај корисници кај кои има разлика во должината на екстремитетите од било која причина;
    • Се препорачува да се носат заради рамномерно оптоварување и заштита на колковите, спречување на појава на сколиоза и болки во лумбалниот дел од ‘рбетот;
    • Во чевлите се вградени корективни елементи со кои се корегираат деформитети.
    Додај во кошничка
  • Потколени ортози

    Потколен пластичен апарат со ограничување на плантарна флексија (Перонеус)

    3.012,00 ден

    2302 | Потколен пластичен апарат со ограничување на плантарна флексија (Перенеус)

    • Ортозата за ограничување на плантарната флексијач
    • Помага при одење кај проблеми со „паднато стапало” независно од кои причини;
    • Изработен од лесен пластичен материјал;
    • Едноставен за одржување;
    • Благодарение на анатомскиот дизајн може да се вклопи во сите видови на чевли;
    • Ортозата индивидуално се адаптира од страна на ортопедски техничар.
    Одбери опции
  • Потколени ортози

    Потколен апарат со скочен зглоб и метална сандала – Ахилова чизма

    4.410,00 ден

     2304 | Потколен апарат со скочен зглоб и метална сандала

    • Ортоза со скочен зглоб и метална сандала која се користи за конзервативен и постоперативен третман на фрактури на потколеница, за постоперативен третман на лигаменти на скочен зглоб, меки ткива и тетиви, за третман кај хронична нестабилност на лигаментите и дислокација на перонеална тетива, за продолжено лекување на talus calcaneus, за рана функционална терапија по конзервативен или хируршки третман на руптура на Ахилова тетива;
    • Ортозата има комплет составен од 3 подигнувачи на пета кои обезбедуваат фиксен агол на флексија на скочниот зглоб и овозможува растеретување на Ахиловата тетива;
    • Секој подигнувач овозможува имобилизација под агол од 12,5 степени;
    • Внатрешноста е обложена со фротир за поголема удобност;
    • Лесен е за употреба и има димензии што го опфаќаат секој глужд.
    Одбери опции
  • Потколени ортози

    Корективен апарат за корекција на скочен зглоб – Редерсман

    7.922,00 ден

    2608 | Корективен апарат за корекција на скочен зглоб

    • Корективен апарат Редерсман кој овозможува рана мобилизација со прилагодување на степенот на дорзифлексија и плантарна флексија на позицијата на глуждот;
    • Се користи за пост-оперативна стабилизација при повреди на тетивите, лигаментите и меките ткива.
    • Кај хронична нестабилност на лигаментите, нестабилни фрактури на дисталната тибија и фибула, фрактури на фибула кои се решени со импланти;
    • Делумната подвижност на глуждот која е контролирана овозможува рана функционална мобилизација;
    • Специјално дизајнираниот ѓон овозможува физиолошко одење. Во внатрешноста ортозата е обложена со сунѓер и текстил за поголема удобност.
    Одбери опции
  • Индивидуални производи

    Потколен апарат со ограничување на плантарна или дорзална флексија и скочен зглоб со приклучок на чевли

    2303 | Потколен апарат со ограничување на плантарна или дорзална флексија и скочен зглоб со приклучок на чевли

    • Mеханичка ортоза која се изработува по индивидуална мерка, од метални шини поставени на надворешната и внатрешната страна на ортозата;
    • Спојот со чевли е изведен со метална узенгија која е прицврстена за петата на чевелот и која ја презема улогата на скочниот зглоб;
    • За подобра удобност обложена е со филц и природна кожа;
    • Помага кај паднато стапало независно од која причина;
    • Зависно од тежината и активноста на корисникот металните шини може да се челични или од алуминиумска легура со кои ортозата станува полесна;
    • Користење на ортопедски чевли во спој со ортозата е неопходно.
    Додај во кошничка
Shopping Cart