• Детски ортози

    Натколена корективна лонгета за корекција на контрактури во колено и скочен зглоб

    2609 | Натколена корективна лонгета за корекција на контрактури во колено и скочен зглоб

    • Индивидуална ортоза изработена од полиетилен по отисок на пациентот;
    • Ортозата овозможува позиционирање на ногата во барана положба за спречување на несакани движења;
    • Превенира формирање на контрактури особено при спиење;
    • За подобра удобност обложена е со мек сунѓерест материјали кој не прима пот и влага;
    • Лесно се поставува и отстранува благодарение на лепливите ленти, што ја прави лесна за одржување на хигиената.
    Додај во кошничка
  • Индивидуални производи

    Натколен пластичен апарат со зглоб во колено и скочен зглоб во спој со ТЛСО пластичен корсет

    2105 во спој со 2506 | Натколен пластичен апарат со зглоб во колено и скочен зглоб во спој со ТЛСО пластичен корсет

    • Индивидуална ортоза која се изработува од термопластичен материјал со лесни и цврсти метални шини, поставени паралелно по надолжната осовина на екстремитетот за потпора, стабилизација и растоварување;
    • Има лепливи траки за фиксирање и зглоб во колк, колено и скочен зглоб кои ја ограничуваат флексија и екстензија и можат да бидат слободни или закочени;
    • Во спој со ригидна лумбална ортоза изработена индивидуално од термопластичен материјал;
    • Наменет за повреди или заболувања на `рбетниот столб со цел да ги ограничи движењата во тој сегмент и да овозможи стабилизација.

    *При потреба од ваков вид на помагало, задолжително се препишуваат:

    -Две потврди со шифра 2105 Натколен пластичен апарат со зглоб во колено и скочен зглоб, за лева и десна нога и

    -Една потврда со шифра 2506 Корсет за кифоза или сколиоза пластичен тип ТЛСО.

     

    Додај во кошничка
  • Индивидуални производи

    Натколен апарат со зглоб во колк зглоб во колено со узенгија вградена во чевел

    2103 | Натколен апарат со зглоб во колк, зглоб во колено, со узенгија вградена во чевел

    • Индивидуална ортоза изработена од метални шини поставени на надворешната и внатрешната страна на нозете, споени со модуларни ортотички зглобови за колк и колено;
    • Се изведува со лумбален корсет или појас поради спојот со зглобот за колк;
    • Зависно од тежината и активноста на корисникот, металните шини може да се челични или од алуминиумска легура со кои ортозата станува полесна;
    • Според состојбата на корисникот, индикациите за нејзино користење и целта на третманот со ортозата, зглобовите на колкот и коленото може да се со кочница или слободни;
    • Спојот со чевли е изведен со метална узенгија која е прицврстена за петата на чевелот и која ја презема улогата на скочниот зглоб;
    • За поголема удобност, ортозата е обложена е со филц и природна кожа. Користење на ортопедски чевли во спој со ортозата е неопходно.

    * Се изработува во спој со ортопедски чевли:

    – ФЗОМ шифра 4107 кај ортоза за една нога и

    – ФЗОМ шифра 4108 за ортози за двете нозе.

    Потребна посебна Потврда за ортопедско помагало.

     

    Додај во кошничка
  • Индивидуални производи

    Натколен апарат со слободен или закочен зглоб во колено со узенгија вградена во чевел

    2101 | Натколен апарат со слободен или закочен зглоб во колено со узенгија вградена во чевел

    • Индивидуална ортоза која се изработува од метални шини поставени на надворешната и внатрешната страна на ногата, споени со модуларни ортотички коленски зглобови;
    • Зависно од тежината и активноста на корисникот, металните шини може да бидат челични или од алуминиумска легура со кои ортозата станува полесна;
    • Според состојбата на корисникот, индикациите за нејзино користење и целта на третманот со ортозата, коленските зглобови може да се со кочница или слободни;
    • Спојот со чевли е изведен со метална узенгија која е прицврстена за петата на чевелот и која ја презема улогата на скочниот зглоб;
    • За поголема удобност обложена е со филц и природна кожа;
    • Користење на ортопедски чевли во спој со ортозата е неопходно.

    * Се изработува во спој со ортопедски чевли:

    – ФЗОМ шифра 4107 кај ортоза за една нога и

    – ФЗОМ шифра 4108 за ортози за двете нозе.

    Потребна посебна Потврда за ортопедско помагало.

    Додај во кошничка
  • Индивидуални производи

    Натколен апарат со слободен или закочен коленски зглоб со метална сандала

    2102 | Натколен апарат со слободен или закочен зглоб коленски зглоб сo метална сандала

    • Индивидуална ортоза која се изработува од метални шини поставени на надворешната и внатрешната страна на ногата, споени со модуларни ортотички коленски зглобови;
    • Зависно од тежината и активноста на корисникот, металните шини може да се челични или од алуминиумска легура со кои ортозата станува полесна;
    • Според состојбата на корисникот, индикациите за нејзино користење и целта на третманот со ортозата, коленските зглобови може да се со кочница или слободни;
    • Ортозата има и механички скочен зглоб кој е споен со металната сандала која го опфаќа стапалото, преку која се облекува чевел изработен по мерка;
    • За поголема удобност обложена е со филц и природна кожа;
    • Користење на ортопедски чевли во спој со ортозата е неопходно.
    Додај во кошничка
  • Детски ортози

    Твистеров апарат за корекција на абдукција и аддукција

    2606 | Твистеров апарат за корекција на абдукција аддукција на долните екстремитети

    • Твистеровиот ортопедски апарат се состои од карличен појас, црева за деротатори со челична деротациона сајла и приклучоци за чевлите што овозможува корекција на ротација на стопалата при движење и растење на корисникот;
    • Го корегира дебалансот меѓу внатрешните мускули за ротација на колкот и мускулите на феморалниот врат.
    • При користење на ортозата движењето на корисникот е слободно.

    * Се изработува во спој со ортопедски чевли:
    – ФЗОМ шифра 4107 кај ортоза за една нога и
    – ФЗОМ шифра 4108 за ортози за двете нозе.
    Потребна посебна Потврда за ортопедско помагало.

    Додај во кошничка
  • 'Рбет

    Тораколумбален корсет

    2.140,00 ден

    2511 | Корсет платнен лумбален со метални шини

    Партиципација: 50% (828 ден)
    Доплата: 485 ден.

    • Tораколумбален корсет со метални шини, кој овозможува постојана поддршка, компресија и стабилизација на цел ‘рбетен столб, со што значително се намалуваат болките во овој дел на телото;
    • Во лумбалниот дел поставени се дополнителни фишбајни за подобра поддршка на половината;
    • Корсетот го исправува телото со што ги влече рамениците наназад и помага во лекување на кифоза;
    • Се користи за хиперекстензија во третман на благи фрактури на лумбалниот и торакалниот ‘рбет (вертебрален);
    • Изработен е од прозрачен еластичен материјал кој овозможува воздухот слободно да циркулира;
    • Може да се одвои на два дела и по потреба да се носи само долниот дел како лумбален појас.
    Одбери опции
  • 'Рбет

    Корсет платенен лумбален со фишбајни

    1.705,00 ден

    2510 | Корсет платнен лумбален со фишбајни

    Партиципација: 50% (712 ден)
    Доплата: 281 ден.

    • Корсет платнен лумбален наменет за ублажување на оптоварувањето во ‘рбетoт и за намалување на болката;
    • Изработен од еластичен материјал кој овозможува воздухот да циркулира, совршено се прилагодува на анатомијата на телото и е удобен за носење;
    • Во задниот дел има четири фишбајни кои се поставени паралелно на `рбетот;
    • Во предниот дел има две лепенки, повисок заден дел и дополнителни странични лепенки за затегнување.
    • Помага при спондилоза, долно грбна болка, лумбоишијалгија.
    Одбери опции
Shopping Cart