Општи правила и услови

Интернет страната со домеин www.slavej.mk , во сопственост на Центарот за ортотика и протетика СЛАВЕЈ АД Скопје , со седиште на ул.Васил Ѓоргов 45, Скопје, е сервис наменет за корисниците со цел да овозможи пребарување, споредба  и/или купување на производи и услуги. Како посетител и корисник, Ви даваме до знаење дека употребата на содржините на страната, како и направените трансакции, се предмет на одредени услови и правила, за што Ве замолуваме пред нејзино користење внимателно да ги прочитате. СЛАВЕЈ  не превзема никаква одговорност доколку корисникот ги нема прочитано условите и правилата за користење и купување. Со цел задоволување на Вашите потреби и барања, СЛАВЕЈ  ќе се залага за достапност на својата интернет страна www.slavej.mk 24 часа во денот.
 Во случај на привремена недостапност односно прекин на интернет страната поради технички или надворешни влијанија надвор од контролата на СЛАВЕЈ, не превземаме никаква одговорност и не гарантираме постојан пристап.
  Сите податоци и информации објавени на интернет страната на СЛАВЕЈ се од информативен карактер и за истите СЛАВЕЈ го задржува правото за промена и менување во зависност од условите и потребите.
  Како резултат на специфичноста на медиумот “интернет“, доколку поинаку не е предвидено согласно позитивните прописи во Р. Северна Mакедонија,  СЛАВЕЈ не превзема одговорност за точноста и веродостојноста на објавените информации и документи.
 Со самата посета или купување преку нашата интернет страна, потребно е да се согласите со условите наведени подолу, чие право на промена во зависност од условите и потребите е задржано без претходно известување на корисниците на сајтот. Центарот за ортотика и протетика СЛАВЕЈ АД Скопје  не превзема одговорност доколку корисникот на сајтот не ги прочитал јавно достапните информации и услови од овој сајт. Ако не се согласувате со Општите услови на оваа страна, едноставно не ја користете и повелете во некоја од продавниците на СЛАВЕЈ.
  Називот “СЛАВЕЈ“ е трговски знак на Центар за ортотика и протетика Славеј АД Скопје и се забранува секаков вид на негова употреба без претходна писмена согласност од СЛАВЕЈЦентарот за ортотика и протетика Славеј АД Скопје ги задржува сите права кои произлегуваат од трговскиот знак “СЛАВЕЈ“.
  Превземањето на информации, податоци и слики, нивна дистрибуција, пренос или користење на линкот од интернет страната на СЛАВЕЈ е забрането. Употребата на истите е можна само за некомерцијални цели и лична употреба надвор од дозволеноста за било каква злоупотреба на податоците и опциите кои ги нуди интернет страната на СЛАВЕЈ.
  Споделените информации од оваа страна имаат информативен карактер. Секогаш ќе се залагаме за точност на информациите презентирани на страната,но можни се отстапувања и пропусти во информирањето, во зависност од изворот на информациите.
  За сите производи ќе се потрудиме да имате достапна фотографија, како илустрација за изгледот и формата на производот.

Shopping Cart