Потколен апарат со ограничување на плантарна или дорзална флексија и скочен зглоб со приклучок на чевли

2303 | Потколен апарат со ограничување на плантарна или дорзална флексија и скочен зглоб со приклучок на чевли
Оваа механичка ортоза се изработува по индивидуална мерка , од метални шини поставени на надворешната и внатрешната страна на ортозата. Спојот со чевли е изведен со метална узенгија која е прицврстена за петата на чевелот и која ја превзема улогата на скочниот зглоб. За подобра удобност обложена е со филц, и природна кожа. Помага кај паднато стопало независно од која причина. Зависно од тежината и активноста на корисникот металните шини може да се челични или од алуминиумска легура со кои ортозата станува полесна.
Користење на ортопедски чевли во спој со ортозата е неопходно.

Медицински индикации

B91 Секвели од полиомиелит;
G11.1 Церебрална атаксија со ран почеток;
G12(G12.0-G12.9) Спинална мускулна атрофија и сродни синдроми;
G57.2 Лезија на феморалниот нерв;
G57.3 Парализа на нервус перонеус;
G57.6 Лезија на плантарен нерв;
G35 Мултипла склероза;
G60(G60.0-G60.8) Хередитарна и идиопатска невропатија;
G61(G61.0-G61.9) Воспалителна полиневропатија;
G71(G71.0-G71.9) Примарни заболувања на мускулите;
G80(G80.0-G80.9) Инфатилна церебрална парализа;
G81(G81.0-G81.9) Хемиплегија;
G82(G82.0-G82.5) Параплегија и тетраплегија;
I69(I69.0-I69.8) Секвели од цереброваскуларна болест;
M76.4 Тибијален колатерален бурзит – Stieda Pelegrini;
M76.6 Ахилов тендинитис;
S86.0 Повреда на ахилова тетива;
S93.0 Дислокација на зглобот на глуждот;
S93.6 Шинување и истегнување на неозначени делови на стапало;
Т93.4 Секвели од повреди на нерв на долен екстремитет.
-Состојби на одземеност на стопало од различна природа.

Напомена

*Потврдата за ова ортопедско помагало може да ја издаде ортопед или физијатар.

Коментари

Се уште нема коментари.

Впишете прв коментар за “Потколен апарат со ограничување на плантарна или дорзална флексија и скочен зглоб со приклучок на чевли”
Shopping Cart