Натколен апарат со слободен или закочен коленски зглоб со метална сандала

2102 | Натколен апарат со слободен или закочен зглоб коленски зглоб сo метална сандала
Оваа ортоза се изработува од метални шини поставени на надворешната и внатрешната страна на ортозата споени со модуларни ортотички коленски зглобови. Зависно од тежината и активноста на корисникот металните шини може да се челични или од алуминиумска легура со кои ортозата станува полесна.
Според состојбата на корисникот, индикациите за нејзино користење и целта на третманот со ортозата коленските зглобови може да се со кочница или слободни. Ортозата има и механички скочен зглоб кој е споен со металната сандала која го опфаќа стапалото преку која се облекува чевел изработен по мерка. За подобра удобност обложена е со филц, и природна кожа.
Користење на ортопедски чевли во спој со ортозата е неопходно.

Медицински индикации

B91 Секвели од полиомиелит;
B94 Секвели од други и неозначени инфективни и
паразитски болести;
G12(G12.0-G12.9) Спинална мускулна атрофија и
сродни синдроми;
G24(G24.0-G24.2) Дистонија;
G35 Мултипла склероза;
G80(G80.0-G80.9) Инфантилна церебрална
парализа;
G81(G81.0-G81.9) Хемиплегија;
G82(G82.0-G82.5) Параплегија и тетраплегија;
G83.1 Моноплегија на долен екстремитет;
G83.3 Моноплегија неозначено;
G83.9 Паралитичен синдром, неозначено;
М24.3 Патолошка дислокација и сублуксација на
зглоб, некласифицирана на друго место;
М24.5 Контрактура на зглоб;
М24.6 Анкилоза на зглоб;
М24.8 Други специфични оштетувања на зглоб,
некласифицирани на друго место;
М25.2 Расцепен зглоб;
М25.6 Вкочанетост на зглоб, некласифицирано на
друго место;
М62.3 Синдром на неподвижност (параплегичен);
М62.4 Контрактура на мускул;
М62.5 Мускулна слабост и атрофија, некласифици-
рано на друго место;
М84.0 Лошо сраснување на фрактура;
М84.1 Несраснување на фрактура (псевдоартроза);
М87.0 Идиопатска асептична некроза на коска;
М91.1 Јувенилна остеохондроза на главата на
фемурот;
I69(I69.0-I69.8) Секвели од цереброваскуларна
болест;
Т93.2 Секвели од фрактури на долен екстремитет;
– Сите видови на млитава и спастична парализа;
– Контрактури.

Напомена

*Потврдата за ова ортопедско помагало може да ја издаде ортопед или физијатар.

Коментари

Се уште нема коментари.

Впишете прв коментар за “Натколен апарат со слободен или закочен коленски зглоб со метална сандала”
Shopping Cart