Натколен пластичен апарат со зглоб во колено и скочен зглоб во спој со ТЛСО пластичен корсет

2105 во спој со 2506 | Натколен пластичен апарат со зглоб во колено и скочен зглоб во спој со ТЛСО пластичен корсет

Се  изработува индивидуално од термопластичен материјал со лесни и цврсти метални шини поставени паралелно по надолжната осовина на екстремитетот за потпора, стабилизација и растоварување. Лепливи траки за фиксирање и зглоб во колк, колено и скочен зглоб кои ограничуваат флексија и екстензија и можат да бидат слободни или закочени.
Во спој со ригидна лумбална ортоза изработена индивидуално од термопластичен материјал. Наменет за повреди или заболувања на рбетниот столб со цел да ги ограничи движењата во тој сегмент и да овозможи стабилизација.

* При потреба од ваков вид на помагало, задолжително се препишуваат:
– Две потврди со шифра 2105 Натколен пластичен апарат со зглоб во колено и скочен зглоб, за лева и десна нога и
– Една потврда со шифра 2506 Корсет за кифоза или сколиоза пластичен тип ТЛСО.

 

Медицински индикации 2105

B91 Секвели од полиомиелит;
G12(G12.0-G12.9) Спинална мускулна атрофија и
сродни синдроми;
G24(G24.0-G24.2) Дистонија;
G35 Мултипла склероза;
G71.1 Миотонични заболувања;
G80(G80.0-G80.9) Инфантилна церебрална
парализа;
G81(G81.0-G81.9) Хемиплегија;
G82(G82.0-G82.5) Параплегија и тетраплегија;
G83.1 Моноплегија на долен екстремитет;
G83.3 Моноплегија неозначено;
G83.9 Паралитичен синдром, неозначено;
М24.3 Патолошка дислокација и сублуксација на
зглоб, некласифицирана на друго место;
М24.5 Контрактура на зглоб;
М24.6 Анкилоза на зглоб;
М24.8 Други специфични оштетувања на зглоб,
некласифицирани на друго место;
М25.2 Расцепен зглоб;
М25.6 Вкочанетост на зглоб, некласифицирано на
друго место;
М62.3 Синдром на неподвижност (параплегичен);
М62.4 Контрактура на мускул;
М62.5 Мускулна слабост и атрофија, некласифици-
рано на друго место;
М84.0 Лошо сраснување на фрактура;
М84.1 Несраснување на фрактура (псевдоартроза);
М87.0 Идиопатска асептична некроза на коска;
М91.1 Јувенилна остеохондроза на главата на
фемурот;
I69(I69.0-I69.8) Секвели од цереброваскуларна
болест;
Т93.2 Секвели од фрактури на долен екстремитет;
– Сите видови на млитава и спастична парализа;
– Контрактури;
Q05.7 Лумбална спина бифида без хидроцефалус.

Медицински индикации 2506

G80.0 Спастична церебрална парализа;

G80.3 Дискинетична церебрална парализа;
G80.9 Инфантилна церебрална парализа, неозначено;
M40(M40.0-M40.5) Кифоза и лордоза;
M41(M41.0-M41.9) Сколиоза;
М43.1 Спондилолистеза;
М49.5 Колабиран пршлен – метастатска фрактура на пршлен (C79.5+);
Q67.5 Конгенитална деформација на рбет;
Q76.3 Конгенитална сколиоза поради конгенитална коскена малформација;
S22.0 Фрактура на торакален пршлен;
S22.1 Мултипли фрактури на торакалниот рбет;
S23(S23.0-S23.5) Дислокација, шинување и истегнување на зглобовите и лигаментите
на тораксот;
S32(S32.0-S32.8) Фрактура на лумбалниот рбет и карлицата;
T91.1 Секвели од фрактура на рбетот;
M43.1 Спондилолистеза;
Во лекување на кифози и сколиози во торако лумбо сакрален дел на ‘рбетник.

Напомена

*Потврдата за ова ортопедско помагало може да ја издаде ортопед, физијатар или хирург.

Коментари

Се уште нема коментари.

Впишете прв коментар за “Натколен пластичен апарат со зглоб во колено и скочен зглоб во спој со ТЛСО пластичен корсет”
Shopping Cart