Натколена корективна лонгета за корекција на контрактури во колено и скочен зглоб

2609 | Натколена корективна лонгета за корекција на контрактури во колено и скочен зглоб
Ортозата е изработена од полиетилен по индивидуален отисок. Спречува несакани движења и овозможува позиционирање на ногата во бараната положба.
Спречува формирање на контрактури особено при спиење. За подобра удобност обложена е со меки сунѓерести материјали кои не примаат пот и влага, лепливите ленти овозможуваат лесно поставување и вадење на ортозата, што ја прави лесна за одржување на хигиена.

Медицински индикации

М19.1 Посттрауматска артроза на други зглобови;
M19.9 Артроза, неспецифицирано;
M21.0 Валгус деформација, некласифицирана на друго место;
M21.1 Варус деформација, некласифицирана на друго место;
M21.2 Флексиона деформација;
M21.9 Стекнати деформации на екстремитети, неспецифицирано;
M24.5 Контрактура на зглоб;
M62.4 Контрактура на мускул;
B91 Секвели од полиомиелит;
G12(G12.0-G12.9) Спинална мускулна атрофија и сродни синдроми;
G35 Мултипла склероза;
G80(G80.0-G80.9) Инфантилна церебрална парализа;
G81(G81.0-G81.9) Хемиплегија;
G82(G82.0-G82.5) Параплегија и тетраплегија;
I69(I69.0-I69.8) Секвели од цереброваскуларна болест;
G71(G71.0-G71.9) Примарни заболувања на мускулите.

Напомена

*Потврдата за ова ортопедско помагало може да ја издаде ортопед, физијатар или хирург.

Коментари

Се уште нема коментари.

Впишете прв коментар за “Натколена корективна лонгета за корекција на контрактури во колено и скочен зглоб”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Shopping Cart