Производи на товар на ФЗОРСМ
-
Индивидуални производи
Натколен апарат со слободен или закочен коленски зглоб со метална сандала
2102 | Натколен апарат со слободен или закочен зглоб коленски зглоб сo метална сандала
Оваа ортоза се изработува од метални шини поставени на надворешната и внатрешната страна на ортозата споени со модуларни ортотички коленски зглобови. Зависно од тежината и активноста на корисникот металните шини може да се челични или од алуминиумска легура со кои ортозата станува полесна.
Според состојбата на корисникот, индикациите за нејзино користење и целта на третманот со ортозата коленските зглобови може да се со кочница или слободни. Ортозата има и механички скочен зглоб кој е споен со металната сандала која го опфаќа стапалото преку која се облекува чевел изработен по мерка. За подобра удобност обложена е со филц, и природна кожа.
Користење на ортопедски чевли во спој со ортозата е неопходно. -
Детски ортози
Твистеров апарат за корекција на абдукција и аддукција
2605 | Твистеров апарат за корекција на абдукција аддукција на долните екстремитети
Твистеровиот ортопедски апарат се состои од карличен појас, црева за деротатори со челична деротациона сајла и приклучоци за чевлите што овозможува корекција на ротација на стопалата при движење и растење на корисникот. Го корегира дебалансот меѓу внатрешните мускули за ротација на колкот и мускулите на феморалниот врат.При користење на ортозата движењето на корисникот е слободно.
* Се изработува во спој со ортопедски чевли:
– ФЗОМ шифра 4107 кај ортоза за една нога и
– ФЗОМ шифра 4108 за ортози за двете нозе.
Потребна посебна Потврда за ортопедско помагало. -
'Рбет
Тораколумбален корсет
1.655,00 денОвој тораколумбален корсет е изработен од аерична бандажа со метални шини, која овозможува постојана поддршка, компресија и стабилизација на цел ‘рбетен столб, со што значително се намалуваат болките во овој дел на телото. Горниот дел на телото е подигнат и ги влечи рамениците назад во исправена положба.
Особено поволно е што корсетот може да се раздели на два дела и по потреба да се носи само за долниот дел од грбот (во функција на лумбален појас) -
'Рбет
Корсет платенен лумбален со фишбајни
1.424,00 ден2510 | Корсет платнен лумбален со фишбајни
Платнен лумбален корсет со фишбајни изработен е од еластична аерична бандажа со лепливи траки кои овозможуваат индивидуално прилагодување и компресија. Удобен за носење, а пластичните фишбајни ја дополнуваат поддршката и стабилизацијата намалувајки ја болката. Помага при спондилоза, долно грбна болка, лумбоишијалгија.
-
'Рбет
Корсет платнен лумбален со метални шини
1.655,00 ден2511 | Корсет платнен лумбален со метални шини
Платнен лумбален корсет со метални шини, изработен од цврста аерична еластична бандажа која го прави стабилен и лесен за носење. Ја намалува болката, растеретува а металните шини даваат висока стабилност и спречуваат повреда при физичка активност.
-
'Рбет
Корсет за кифоза или сколиоза пластичен тип ТЛСО
2506 | Корсет за кифоза или сколиоза пластичен тип ТЛСО
Корсетот тип ТЛСО се изработува индивидуално, при што користиме современа CAD-CAM технологија која нуди многу бенифити за корисниците на ортозите. ТЛСО е грбна ортоза за корекција на деформитети и е изработена од термопластичен материјал.
-
'Рбет
Корсет за кифоза или сколиоза пластичен тип ШЕНО
2505 | Корсет за кифоза или сколиоза пластичен тип ШЕНО
Корсетот тип ШЕНО се изработува индивидуално, при што користиме современа CAD-CAM технологија која нуди многу бенифити за корисниците на ортозите. Шено е грбна ортоза за корекција на деформитети и е изработена од термопластичен материјал.
-
Индивидуални производи
Корсет за кифоза или сколиоза пластичен тип ЦБВ
2504 | Корсет за кифоза или сколиоза пластичен тип ЦБВ
ЦБВ корсетот се изработува индивидуално, при што користиме современа CAD-CAM технологија која нуди многу бенифити за корисниците на ортозите. Таа е грбна ортоза за корекција на деформитети, изработена од термопластичен материјал.