Ортопедските чевли за деца се длабоки и цврсти со цел да се корегира, вообичаено, лабавиот скочен зглоб и петата. Се препорачуваат за лекување на деформитети на стапалата и за превенција на секундарни деформитети на колената на детето („Х“ или „О“ нозе), колковите и ‘рбетот.
Се препорачуваат за деца со следниве деформитети:
- Спуштени лакови на стапалото (рамно стапало),
- Пронација (зачекорување навнатре),
- Супинација (зачекорување нанадвор) и други деформитети на стапалото.
Детските ортопедски обувки се изработуваат индивидуално по нарачка, врз основа на дијагноза или преглед од стручно лице. На детето му се земаат мерки од стапалото и според нив се изработува чевелот.
Во Славеј, секој дел од чевелот се изработува рачно со природни материјали.