Гоца Богоевска – Благодарам што сте моја најголема поддршка

Како да искажеш благодарност на некој кој направил толку многу за тебе, се грижи и кој прави се за да ти овозможи квалитетен живот?
Благодарам, е мал збор за да се опише професионалноста, пожртвуваноста и пред се човечноста на сите вработени во Центарот за ортотика и протетика Славеј.

Како лице со инвалидитет, не би можела да замислам ниту еден ден без Славеј, особено без моите пријатели Ѓорѓи Станишевски и Сашо Панов. Тие се мојата поткрепа, секогаш покрај мене да ми помогнат и да ми го дадат најдоброто решение. Покрај професионалноста, насмевката на нивното лице, ми дава мир и спокој дека сум во вистински раце.
Да не заборавам да ги спомнам и моите драги пријатели од чевларскиот и пластичарскиот оддел во Славеј кои исто така се заслужни со години јас нормално да живеам.
Уште на самиот влез сите ме пречекуваат со раширени раце, подготвени со време и трпение за мене и за моите проблеми. Презадоволна сум од квалитетот на протезите кои ги изработуваат за мене, и со чија помош јас нормално функционирам. Тие ми дадоа енергија и сила полесно да чекорам кон секој нареден ден.

Во животот сум се соочила со многу препреки, убави и лоши мигови… Но и покрај се, ќе кажам дека сум среќна личност. Опкружена сум со драги и прекрасни луѓе кои ми помагаат да ја поминам секоја препрека.

Дел од нив се и вработените од Славеј.

Колку и да пишувам нема да можам да ја искажам мојата благодарноста. Но сепак,
ВИ БЛАГОДАРАМ!

 

Shopping Cart