Компресивни натколени чорапи со затворени прсти – CCL 1

Шифра: 6102VRF Категорија:

1.002,00 ден

Медицинските компресивни чорапи се користат кај воспаление на површинските вени, длабоки венски тромбози како и после оперативни зафати и кај проблеми со лимфни едеми. Компресивната терапија помага на тој начин што прави надворешен притисок на одреден дел од телото, а со тоа се зголемува венскиот или лимфниот проток, се намалуваат отоците и болките. Контракцијата на мускулите околу вените помага крвта да се врати назад до срцето. Надворешната компресија на чорапите ја игра улогата на мускулите при што прави притисок на венските ѕидови, со што се враќа крвната циркулација на нормално ниво.

Опис

Компресивните чорапи CCL1 се препорачуваат кај:

  • Функционални нарушувања како чувство на замор, тежина и едеми на нозе;
  • Почетни варикозитети;
  • Превенција на варикозитети во бременост;
  • Компресијата се изразува во mmHg и е различна кај различни производители.

Коментари

Се уште нема коментари.

Впишете прв коментар за “Компресивни натколени чорапи со затворени прсти – CCL 1”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Shopping Cart