• Индивидуални производи

    Појас за папочна кила

    • Појас за папочна кила кај бебиња, кој лесно се поставува и се прицврстува со лепливи ленти;
    • На појасот има испакнат дел кој прави благ притисок на килата и ја враќа во првобитната положба.
    Додај во кошничка
  • Индивидуални производи

    Појас за спуштен стомак

    • Абдоминалниот ѕид (стомачниот) ги задржува како вистински појас сите стомачни органи на нивната нормална природна позиција.
    • Промените на стомачниот ѕид како општа слабост или растегнување ( на пр. трудница) доведуваат до тоа ,стомачните органи да го изгубат своето нормално лежиште и стомакот се спушта.
    • На ослабен и спуштен стомачен ѕид може да се влијае на два начина. Со вежби, со помош на кои се враќа тонусот на мускулите на стомачниот ѕид, и со носење на појасот за спуштен стомак кој ослабениот стомачен ѕид го потпира однадвор, а со тоа ги подига и внатрешните органи.
    • Не претставува проблем кај лицето што го носи во текот на секојдневните активности, удобен е и лесно се поставува.
    Додај во кошничка
  • Индивидуални производи

    Појас за еднострана препонска кила

    1.152,00 ден

    7404 | Појас за еднострана препонска кила

    Партиципација: 10% (80 ден)
    Доплата: 351 ден.

    • Појас за еднострана папочна кила, со додаток во форма на перниче кој се поставува на хернијата и врши благ притисок на килата
    • Со неговото носење се намалува можноста за вклештување на кила при напнување, кашлање или тешка физичка работа.
    • Поставувањето е едноставно со помош на лепливи ленти;
    • Може да се носи пред операција како поддршка и после операција како превенција;
    Одбери опции
  • Индивидуални производи

    Пасивна надлакотна ортоза од пластична маса

    2402 | Пасивна надлакотна ортоза од пластична маса

    Партиципација: 10%

    • Индивидуална ортоза која се користи за стабилизација и заштита на зглобот на рамото при дислокации на рамото, фиксации после операција и третман со гипс кај фрактури на горниот дел на хумерусот;
    • Ортозата е изработена од термопластичен материјали со дебелина зависно од потребата на пациентот;
    • Обликот и димензиите се изработуваат по индивидуален отисок на пациентот, со што се овозможува дозиран притисок точно во регијата каде што е потребно за попрецизно фиксирање во споредба на сериските ортози од овој тип.
    Додај во кошничка
  • Индивидуални производи

    Пасивна подлакотна ортоза од пластична маса

    2403 | Пасивна подлакотна ортоза од пластична маса
    Пасивната подлакотна ортоза е изработена од полиетилен и ги опфаќа подлактицата и дланката. Предноста на индивидуалната ортоза е во тоа што се изработува по индивидуален отисок на пациентот и се обликува според неговите потреби. Опфатот на шаката и прстите , позицијата на зглобот за шаката, притисокот и поддршка на одредени мускули, ограничувањата на движењата, дебелината на материјалот и поставеноста на лепливите ленти е индивидуализирано според индикациите и потребите на корисникот.

    Овие ортози се соодветни за лица со: Остеоартритис, Карпал тунел и при флакцидно паѓање на шаката. Изработена е од полиетилен. Лепливите ленти овозможуваат лесно поставување и вадење на ортозата заради одмор и одржување на хигиена.

    Додај во кошничка
  • Детски ортози

    Корективен апарат за корекција на пектус каринатус

    4.100,00 ден
    • Најефикасен конзервативен начин за лекување на pectus carinatum (кокошкини гради) е поврзан со користење на оваа ортоза;
    • Ортозата прави надворешна компресија на градната коска и е првата опција за решавање на овој деформитет;
    • Носењето на ортоза за pectus carinatum е најчесто ефикасен третман бидејќи телото на детето во развој е многу флексибилно;
    • Оваа приспособливост значи дека градите на децата полесно може да се обликуваат во правилна форма додека растат.
    Додај во кошничка
  • Индивидуални производи

    Надлакотен корективен апарат со механизам за корекција во лакотен зглоб

    2401 | Надлакотен корективен апарат со механизам за корекција во лакотен зглоб (Редерсман)
    Оваа индивидуална надлакотна ортоза со механизам во лакотниот зглоб овозможува контролирана мобилизација на лакотниот зглоб и решавање на контрактури. Можни се две изведби. Разликата е во механизмот во зглобот каде зголемувањето на аголот на екстензија на лактот може да биде степенесто во чекори, кога со секој чекор на поместување добиваме 10 степени на агол на екстензија или континуирано кога регулирањето на овој агол е со навојно вретено.
    Изработена е од термопластичен материјал со лепливи ленти по индивидуална мерка на пациентот.

    Додај во кошничка
  • Индивидуални производи

    Појас за еднострана препонска кила

    • Индивидуален појас за еднострана препонска кила кој се изработува според потребите на пациентот
    • Има додаток во форма на перниче кој се поставува на хернијата и врши благ притисок на килата ;
    • Со неговото носење се намалува можноста за вклештување на кила при напнување, кашлање или тешка физичка работа.
    • Поставувањето е едноставно со помош на лепливи ленти;
    • Може да се носи пред операција како поддршка и после операција како превенција;
    • Се изработува за лева и десна страна.
    Додај во кошничка
Shopping Cart