Пасивна надлакотна ортоза од пластична маса

2402 | Пасивна надлакотна ортоза од пластична маса
Оваа индивидуализирана ортоза се користи за стабилизација и заштита на рамен зглоб при дислокации на рамото, фиксации после операција и третман со гипс кај фрактури на горниот дел на хумерусот.
Ортозата е изработена од термопластични материјали со дебелина зависно од потребата на пациентот. Обликот и димензиите се дизајнирани по индивидуален отисок на пациентот со што се овозможува дозиран притисок точно во регијата каде што е потребно и попрецизно фиксирање во однос на сериските ортози од овој тип.

Медицински индикации

G82.1 Спастична параплегија;
S52.0 Фрактура на горен крај на улна;
S53.1 Дислокација на други и неозначени делови на лакот;
T92.1 Секвели од фрактура на рака;
T92.3 Секвели од дислокација, шинување и истегнување на горен екстремитет;
T92.5 Секвели од повреда на мускул и тетива на горен екстремитет;
T92.9 Секвели од други неозначени повреди на горен екстремитет,
S42.2 Фрактура на горниот крај на хумерусот;
S42.7 Мултипли фрактури на клавикулата, скапулата и хумерусот;
S42.8 Фрактура на други делови на рамото и надлактицата;
S42.9 Повреда на рамениот појас, неозначен дел;
S43.0 Дислокација на зглоб на раме (гленохумерален зглоб);
S43.1 Дислокација на акромиоклавикуларниот зглоб ;
S43.2 Дислокација на стерноклавикуларниот зглоб;
S43.3 Дислокација на други и на неозначени делови на рамениот појас;
S43.4 Шинување и истегнување на рамениот зглоб;
S43.5 Шинување и истегнување на акромиоклавикуларниот зглоб.

Напомена

*Потврдата за ова ортопедско помагало може да ја издаде ортопед, физијатар или хирург.

Коментари

Се уште нема коментари.

Впишете прв коментар за “Пасивна надлакотна ортоза од пластична маса”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Shopping Cart