Индивидуални производи
-
Индивидуални производи
Корективен апарат за корекција на скочен зглоб
2608 | Корективен апарат за корекција на скочен зглоб (Редерсман)
Оваа динамична потколена ортоза која се изработува по индивидуален отисок има вграден флексибилен и еластичен зглоб за глужд, со што се овозможува оптимална контрола на глуждот и стапалото. На задната страна на ортозата вграден е граничник со кој се ограничува и регулира прекумерно спуштање на стапалото.
Пружа добра поддршка кај нестабилност во валгус или варус (навалување на глуждот).
За поголема удобност постои можност за обложување на внатрешноста на ортозата како и можност за додавање на индивидуално произведена влошка под стапалото. -
Индивидуални производи
Потколена корективна лонгета за корекција на деформитети на стапало
2610 | Потколена корективна лонгета за корекција на деформитети на стапало
Ортоза на глуждот (AFO) која е изработена по индивидуален отисок помага за подобрување на начинот на одење преку спречување или ограничување на несакани движења на потколеницата и стапалото, притоа давајќи поддршка на послабите мускули на потколеницата.
Исто така се користат за одржување на позицијата на скочните зглобови, корекции на деформитети и помагаат во намалувањето на спастичноста. Изработена е од пластика со можност заради поголема удобност да се обложи од внатрешната страна на ортозата. -
Индивидуални производи
Чевли кај скратување на екстремитети над 6 см
4113 | Чевли кај скратување на екстремитети над 6 см
Овие чевли се изработуваат индивидуално кај корисници кај кои има разлика во должината на екстремитетите од било која причина. Се препорачува да се носат заради рамномерно оптоварување и заштита на колковите, спречување на појава на сколиоза и болки во лумбалниот дел од рбетот.
Боја и модел на чевлите по избор на корисникот од достапните во моментот на нарачка. -
Индивидуални производи
Корективни ортопедски чевли – Детски
2.500,00 ден – 2.990,00 денЧевлите се изработени од природна говедска кожа индивидуално по мерка на корисникот. Во чевлите се вградени корективни елементи со кои се корегираат воочените деформитети и се обезбедува правилна позиција на стапалата во чевлите.
Боја и модел на чевлите по избор на корисникот од достапните во моментот на нарачка.
Со изборот на модел и боја или комбинација на бои, добивате можност делумно да учествувате во дизајнот на вашите обувки.*Цената се дефинира во зависност од големината ↓
-
Индивидуални производи
Корективни ортопедски чевли
3.500,00 денЧевлите се изработени од природна говедска кожа индивидуално по мерка на корисникот. Во чевлите се вградени корективни елементи со кои се корегираат воочените деформитети и се обезбедува правилна позиција на стапалата во чевлите.
Боја и модел на чевлите по избор на корисникот од достапните во моментот на нарачка.Со изборот на модел и боја или комбинација на бои, добивате можност делумно да учествувате во дизајнот на вашите обувки.
*Цената се однесува за чевли над број 36.
-
Индивидуални производи
Есенски чевли – Rockstar
2.700,00 денРачно изработените, анатомски обувки дополнително нудат соодветна поддршка на стапалото, а со тоа и на ‘рбетот, што може да влијае врз олеснување на болката во грбот.
Со изработката на персонализирани обувки кои се изработуваат индивидуално за секое стапало, удобноста е загарантирана, за разлика од купување на веќе готови чевли чиј калап можеби не е соодветен за вашите стапала. -
Индивидуални производи
Детски есенски чевли – Ѕвездени чекорчиња
2.700,00 денРачно изработените, анатомски обувки дополнително нудат соодветна поддршка на стапалото, а со тоа и на ‘рбетот, што може да влијае врз олеснување на болката во грбот.
Со изработката на персонализирани обувки кои се изработуваат индивидуално за секое стапало, удобноста е загарантирана, за разлика од купување на веќе готови чевли чиј калап можеби не е соодветен за вашите стапала. -
Индивидуални производи
Детски зимски чевли – Снежни чекорчиња
3.200,00 денРачно изработените, анатомски обувки дополнително нудат соодветна поддршка на стапалото, а со тоа и на ‘рбетот, што може да влијае врз олеснување на болката во грбот.
Со изработката на персонализирани обувки кои се изработуваат индивидуално за секое стапало, удобноста е загарантирана, за разлика од купување на веќе готови чевли чиј калап можеби не е соодветен за вашите стапала.