Пасивна подлакотна ортоза од пластична маса

2403 | Пасивна подлакотна ортоза од пластична маса
Пасивната подлакотна ортоза е изработена од полиетилен и ги опфаќа подлактицата и дланката. Предноста на индивидуалната ортоза е во тоа што се изработува по индивидуален отисок на пациентот и се обликува според неговите потреби. Опфатот на шаката и прстите , позицијата на зглобот за шаката, притисокот и поддршка на одредени мускули, ограничувањата на движењата, дебелината на материјалот и поставеноста на лепливите ленти е индивидуализирано според индикациите и потребите на корисникот.

Овие ортози се соодветни за лица со: Остеоартритис, Карпал тунел и при флакцидно паѓање на шаката. Изработена е од полиетилен. Лепливите ленти овозможуваат лесно поставување и вадење на ортозата заради одмор и одржување на хигиена.

Медицински индикации

G35 Мултипла склероза;
G56.0 Синдром на карпален тунел;
G56.1 Други лезии на н.медианус;
G56.3 Лезија на радијален нерв;
G63.2 Дијабетична полинеуропатија;
G63.8 Полинеуропатија кај други болести класифицирани на друго место;
G80(G80.0-G80.9) Инфатилна церебрална парализа;
G81(G81.0-G81.9) Хемиплегија;
G82.3-G82.5 Тетраплегија;
I69(I69.0-I69.8) Секвели од цереброваскуларна болест;
M21.5 Стекната канџеста шепа, крива шепа, канџесто стапало и криво стапало;
M21.3 Висечка шепа или стапало (стекнато);
М21.9 Стекнати деформации на екстремитети, неспецифицирано;
M65.4 Радиусен стилоиден тендосиновит (de Quervain);
M65.9 Синовит и тендосиновит, неозначено;
M70 Мекоткивни заболувања поради употреба, прекумерна употреба и притисок;
M72.0 Палмарна фасцијална фиброматоза Dupuytren;
P14.3 Породилна повреда на брахиален плексус;
Q74.3 Artrogripoza multiplex cong.;
T92.1 Секвели од фрактура на рака;
T92.2 Секвели од фрактура на ниво на рачен зглоб и шепа;
T92.3 Секвели од дислокација, шинување и истегнување на горен екстремитет;
T92.5 Секвели од повреда на мускул и тетива на горен екстремитет;
T92.9 Секвели од други неозначени повреди на горен екстремитет;
Кај ревматиден артрит, одземеност од било која генеза;
S52.0 Фрактура на горен крај на улна;
S52.1 Фрактура на горен крај на радиус;
S52.7 Мултипли фрактури на подлактица;
S53.0 Дислокација на главата на радиусот;
S53.1 Дислокација на други и неозначени делови на лакот;
S53.2 Трауматска руптура на радијален колатерален лигамент;
S53.3 Трауматска руптура на улнарен колатерален лигамент.

Напомена

*Потврдата за ова ортопедско помагало може да ја издаде ортопед, физијатар или хирург.

Коментари

Се уште нема коментари.

Впишете прв коментар за “Пасивна подлакотна ортоза од пластична маса”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Shopping Cart