• Индивидуални производи

    Индивидуални ортопедски влошки по гипсен отисок

    6.150,00 ден
    • Спортските влошки се изработуваат по индивидуален отисок на гипсен модел на кој се моделирани сите неопходни корекции со цел рамномерно оптоварувањето на стапалата;
    • Петата е опфатена со влошката и поради тоа стапалото е статички урамнотежено;
    • Нагазната површина на влошката го прати анатомскиот облик на стапалото со што се обезбедува поголема нагазна површина и рамномерно оптеретување на долната страна на стапалото;
    • Материјалот од кој се изработуваат овие влошки е EVALUX кој се применува во ортопедијата, не прима влага и ги амортизира и апсорбира ударите при спортување со што се намалуваат микротраумите на стапалата и колената при спортување;
    • Се одликуваат со мала тежина (50 грама).
    Додај во кошничка
  • Индивидуални производи

    Кожни влошки за скратување 1 – 3 см

    1.200,00 ден
    • Ортопедски влошки со скратување, изработени од висококвалитетна кожа;
    • Се изработуваат индивидуално по утврденото скратување;
    • Во влошката се вградуваат ортопедско-технички додатоци со различни облици, дебелини и тврдини со цел да се добие растоварување на газењето;
    • Се препорачува да се носат заради рамномерно оптоварување и заштита на колковите, спречување на појава на сколиоза и болки во лумбалниот дел од ‘рбетот.
    Додај во кошничка
  • Индивидуални производи

    Ортопедски влошки – Dino

    3.330,00 ден
    • Ортопедски влошки за корекција на стапало кај деца и возрасни;
    • Имаат супинациоски клин за подигнување на сводот на стапалото;
    • За поголеми плановалгуси можно е вградување на клинови за поддршкач
    • Петата целосно се опфаќа во чашка за подобра корекција;
    • Се препорачува кај потешки форми на деформитети на стапалото;
    • Најдобри резултати се постигнуваат во детска возраст;
    • Изработени од антиалергиски ортотичен материјал кој лесно се одржува;
    • Се прилагодуваат индивидуално според потребите на корисникот.
    Додај во кошничка
  • Детски ортози

    Корективен апарат за корекција на стапало Денис Браун

    6.263,00 ден
    • Ортозата е составена од метална шина и чевли изработени по мерка.
    • Чевлите треба да обезбедат фиксација на стапалото во правилна положба, а растојанието меѓу стапалата се регулира со променливата должина на металната шина.
    • Позицијата на стапалата во ортозата ја одредува лекар.
    • Ортозата се носи со цел да се обезбеди правилен раст на стапалата после третман на стапалата по методот на Понсети.
    Додај во кошничка
  • Индивидуални производи

    Потколен апарат со ограничување на плантарна или дорзална флексија и скочен зглоб со приклучок на чевли

    2303 | Потколен апарат со ограничување на плантарна или дорзална флексија и скочен зглоб со приклучок на чевли

    • Mеханичка ортоза која се изработува по индивидуална мерка, од метални шини поставени на надворешната и внатрешната страна на ортозата;
    • Спојот со чевли е изведен со метална узенгија која е прицврстена за петата на чевелот и која ја презема улогата на скочниот зглоб;
    • За подобра удобност обложена е со филц и природна кожа;
    • Помага кај паднато стапало независно од која причина;
    • Зависно од тежината и активноста на корисникот металните шини може да се челични или од алуминиумска легура со кои ортозата станува полесна;
    • Користење на ортопедски чевли во спој со ортозата е неопходно.
    Додај во кошничка
  • Индивидуални производи

    Потколен апарат со скочен зглоб и метална сандала

    2304 | Потколен апарат со скочен зглоб и метална сандала

    • Механичка ортоза која се изработува по индивидуална мерка од метални шини поставени на надворешната и внатрешната страна на ортозата;
    • Зависно од тежината и активноста на корисникот металните шини може да се челични или од алуминиумска легура со кои ортозата станува полесна;
    • Помага кај паднато стапало независно од која причина;
    • Ортозата има и механички скочен зглоб кој е споен со метална сандала која го опфаќа стапалото и преку која се облекува чевел изработен по мерка;
    • За подобра удобност обложена е со филц и природна кожа.
    • Користење на ортопедски чевли во спој со ортозата е неопходно.       
    Додај во кошничка
  • Индивидуални производи

    Корективен апарат за корекција на скочен зглоб

    2608 | Корективен апарат за корекција на скочен зглоб (Редерсман)

    • Динамична потколена ортоза која се изработува по индивидуален отисок има вграден флексибилен и еластичен зглоб за глужд, со што се овозможува оптимална контрола на глуждот и стапалото.
    • На задната страна на ортозата вграден е граничник со кој се ограничува и регулира прекумерно спуштање на стапалото.
    • Овозможува добра поддршка кај нестабилност во валгус или варус (навалување на глуждот).
    • За поголема удобност постои можност за обложување на внатрешноста на ортозата како и можност за додавање на индивидуално произведена влошка под стапалото.
    Додај во кошничка
  • Индивидуални производи

    Потколена корективна лонгета за корекција на деформитети на стапало

    2610 | Потколена корективна лонгета за корекција на деформитети на стапало

    • Ортоза на глуждот (AFO), која е изработена по индивидуален отисок, помага за подобрување на начинот на одење преку спречување или ограничување на несакани движења на потколеницата и стапалото, притоа давајќи поддршка на послабите мускули на потколеницата.
    • Исто така се користи за одржување на позицијата на скочните зглобови, корекции на деформитети и помага во намалувањето на спастичноста.
    • Изработена е од пластика со можност заради поголема удобност да се обложи од внатрешната страна на ортозата.
    Додај во кошничка
Shopping Cart