-
Индивидуални производи
Ортопедски чевли за дијабетично стапало од стреч
Чевлите се изработуваат индивидуално по мерка на корисникот. Горниот дел е од мек еластичен материјал без шевови и вградени елементи кои би можеле да предизвикаат локални иритации на кожата од стапалото. Влошката под стапалата е мека, изработена од меки материјали кои се користат во ортотика и протетика со цел да се зголеми удобноста при носење на чевлите.
-
Детски ортози
Потколена корективна лонгета за корекција на деформитети на стапало
2610 | Потколена корективна лонгета за корекција на деформитети на стапало
- Ортоза за скочен зглоб (AFO), изработена по индивидуален отисок;
- Помага за подобрување на начинот на одење преку спречување или ограничување на несакани движења на потколеницата и стапалото, притоа давајќи поддршка на послабите мускули на потколеницата;
- Се користи за одржување на позицијата на скочните зглобови, корекции на деформитети и помагаат во намалувањето на спастичноста;
- Изработена е од пластика со можност заради поголема удобност да се обложи од внатрешната страна на ортозата.
-
Детски ортози
Корективен апарат за корекција на скочен зглоб – Детски
2608 | Корективен апарат за корекција на скочен зглоб (Редерсман)
- Динамична потколена ортоза која се изработува по индивидуален отисок има вграден флексибилен и еластичен зглоб, со што се овозможува оптимална контрола на скочниот зглоб и стапалото;
- На задната страна на ортозата вграден е граничник со кој се ограничува и регулира прекумерно спуштање на стапалото;
- Дава добра поддршка при нестабилност кај валгус или варус (навалување на глуждот);
- За поголема удобност постои можност за обложување на внатрешноста на ортозата како и можност за додавање на индивидуално произведена влошка под стапалото;
- Се изработува по индивидуален отисок.
-
Детски ортози
Аталанта апарат за исчашени колкови за одење
2605 | Аталанта апарат за исчашени колкови за одење
- Ортоза која ја подобрува стабилноста на колкот со поддршка и позиционирање на колковите во оптимална позиција бидејќи овозможува контролиран опсег на движење;
- Топчестите зглобови на натколениците и страничните зглобови на колкот овозможуваат контролирани движења;
- Mоже да се користи пост-оперативно за одржување на корегираната хируршка положба или за обезбедување максималната функција на пациентот за време на секојдневниот живот;
- Подобреното налегнување на колкот поттикнува правилно обликување на ацетабуларниот и феморалниот дел и ја намалува можноста за сублуксација и дислокација.
-
Индивидуални производи
Натколен пластичен апарат со зглоб во колено и скочен зглоб
2105 | Натколен пластичен апарат со зглоб во колено и скочен зглоб
- Индивидуална ортоза која се изработува по отисок од пациентот;
- Се изработува од полипропилен, странично засилена со метални шини од алуминиумска легура;
- Според состојбата на корисникот, индикациите за нејзино користење и целта на третманот, ортозата сo коленските зглобови може да се изработи со кочница или слободно;
- Доколку е потребна поддршка на лумбалниот дел, се изработува во спој со пластичен корсет и зглоб во делот на колкот;
- Поради материјалите кои се вградуваат се одликува со помала тежина;
- За подобра удобност обложена е со меки сунѓерести материјали кои не примаат пот и влага со што одржување на хигиената е подобрено;
- Можe да се изработи ламиниран со карбонски влакна со што ортозата станува уште полесна и поцврста.
-
Детски ортози
Натколен корективен апарат со метална сандала за корекција на варус или валгус
2607 | Натколен корективен апарат со метална сандала за корекција на варус или валгус на колено
- Ортозата се користи за корекција на Валгус или Варус деформитет на колената;
- Делува со страничен притисок на коленскиот зглоб кај децата во раст од страната каде е потребно зависно дали се работи за О или Х нозе;
- Изработена е од метална шина со пластична пелота за потпора на натколеницата и пластична лонгета за стапалото кои се користат како потпорни точки;
- Има бандажирано перниче за коленото преку кое се врши притисок на коленото.
-
Индивидуални производи
Натколена корективна лонгета за корекција на контрактури во колено и скочен зглоб
2609 | Натколена корективна лонгета за корекција на контрактури во колено и скочен зглоб
- Индивидуална ортоза изработена од полиетилен по отисок на пациентот;
- Ортозата овозможува позиционирање на ногата во барана положба за спречување на несакани движења;
- Превенира формирање на контрактури особено при спиење;
- За подобра удобност обложена е со мек сунѓерест материјали кој не прима пот и влага;
- Лесно се поставува и отстранува благодарение на лепливите ленти, што ја прави лесна за одржување на хигиената.
-
Детски ортози
Натколена корективна лонгета за корекција на контрактури во колено и скочен зглоб
2609 | Натколена корективна лонгета за корекција на контрактури во колено и скочен зглоб
- Индивидуална ортоза изработена од полиетилен по отисок на пациентот;
- Ортозата овозможува позиционирање на ногата во барана положба за спречување на несакани движења;
- Превенира формирање на контрактури особено при спиење;
- За подобра удобност обложена е со мек сунѓерест материјали кој не прима пот и влага;
- Лесно се поставува и отстранува благодарение на лепливите ленти, што ја прави лесна за одржување на хигиената.