Потколена корективна лонгета за корекција на деформитети на стапало

2610 | Потколена корективна лонгета за корекција на деформитети на стапало
Ортоза на глуждот (AFO) која е изработена по индивидуален отисок помага за подобрување на начинот на одење преку спречување или ограничување на несакани движења на потколеницата и стапалото, притоа давајќи поддршка на послабите мускули на потколеницата.
Исто така се користат за одржување на позицијата на скочните зглобови, корекции на деформитети и помагаат во намалувањето на спастичноста. Изработена е од пластика со можност заради поголема удобност да се обложи од внатрешната страна на ортозата.

Медицински индикации

B91 Секвели од полиомиелит;
М20.6 Други стекнати деформитети на прстите на стапалата, неозначено;
М21.6 Стекнати деформации на глуждот и стапалото;
M21.9 Стекнати деформации на екстремитети, неспецифицирано;
M24.5 Контрактура на зглоб;
M62.4 Контрактура на мускул;
Q66(Q66.0-Q66.9) Конгенитални деформации на стапалото;
Q76.3 Конгенитална сколиоза поради конгенитална коскена малформација;
G12(G12.0-G12.9) Спинална мускулна атрофија и сродни синдроми;
G35 Мултипла склероза;
G80(G80.0-G80.9) Инфантилна церебрална парализа;
G81(G81.0-G81.9) Хемиплегија;
G82(G82.0-G82.5) Параплегија и тетраплегија;
I69(I69.0-I69.8) Секвели од цереброваскуларна болест;
G71(G71.0-G71.9) Примарни заболувања на мускулите.

Напомена

*Потврдата за ова ортопедско помагало може да ја издаде ортопед или физијатар.

Коментари

Се уште нема коментари.

Впишете прв коментар за “Потколена корективна лонгета за корекција на деформитети на стапало”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Shopping Cart