Индивидуални производи

  • Индивидуални производи

    Појас за еднострана препонска кила

    1.152,00 ден

    Појасот за еднострана препонска кила се користи пред и после операции кај хернии во ингвиналната регија (препон).

    Се користи со препорака на лекар.

     

    Одбери опции
  • Индивидуални производи

    Пасивна надлакотна ортоза од пластична маса

    2402 | Пасивна надлакотна ортоза од пластична маса
    Оваа индивидуализирана ортоза се користи за стабилизација и заштита на рамен зглоб при дислокации на рамото, фиксации после операција и третман со гипс кај фрактури на горниот дел на хумерусот.
    Ортозата е изработена од термопластични материјали со дебелина зависно од потребата на пациентот. Обликот и димензиите се дизајнирани по индивидуален отисок на пациентот со што се овозможува дозиран притисок точно во регијата каде што е потребно и попрецизно фиксирање во однос на сериските ортози од овој тип.

    Додај во кошничка
  • Индивидуални производи

    Пасивна подлакотна ортоза од пластична маса

    2403 | Пасивна подлакотна ортоза од пластична маса
    Пасивната подлакотна ортоза е изработена од полиетилен и ги опфаќа подлактицата и дланката. Предноста на индивидуалната ортоза е во тоа што се изработува по индивидуален отисок на пациентот и се обликува според неговите потреби. Опфатот на шаката и прстите , позицијата на зглобот за шаката, притисокот и поддршка на одредени мускули, ограничувањата на движењата, дебелината на материјалот и поставеноста на лепливите ленти е индивидуализирано според индикациите и потребите на корисникот.

    Овие ортози се соодветни за лица со: Остеоартритис, Карпал тунел и при флакцидно паѓање на шаката. Изработена е од полиетилен. Лепливите ленти овозможуваат лесно поставување и вадење на ортозата заради одмор и одржување на хигиена.

    Додај во кошничка
  • Детски ортози

    Корективен апарат за корекција на пектус каринатус

    2612 | Корективен апарат за корекција на пектус каринатус
    Најефективен конзервативен начин за лекување на pectus carinatum (кокошкини гради) е поврзан со користење на оваа ортоза. Ортозата со која се прави надворешна компресија на градната коска е првата опција за решавање на проблемот со овој деформитет.
    Носењето ортоза за pectus carinatum е најчесто ефикасен третман бидејќи телата на децата во раст се многу флексибилни за време на детството и адолесценцијата. Таа приспособливост значи дека градите на децата полесно може да се обликуваат во правилна форма додека растат.

    Додај во кошничка
  • Индивидуални производи

    Надлакотен корективен апарат со механизам за корекција во лакотен зглоб

    2401 | Надлакотен корективен апарат со механизам за корекција во лакотен зглоб (Редерсман)
    Оваа индивидуална надлакотна ортоза со механизам во лакотниот зглоб овозможува контролирана мобилизација на лакотниот зглоб и решавање на контрактури. Можни се две изведби. Разликата е во механизмот во зглобот каде зголемувањето на аголот на екстензија на лактот може да биде степенесто во чекори, кога со секој чекор на поместување добиваме 10 степени на агол на екстензија или континуирано кога регулирањето на овој агол е со навојно вретено.
    Изработена е од термопластичен материјал со лепливи ленти по индивидуална мерка на пациентот.

    Додај во кошничка
  • Индивидуални производи

    Појас за еднострана препонска кила

    Појасот за препонска кила (брух) се користи по препорака на лекар. Со неговото носење се намалува можноста за вклештување на кила при напнување, кашлање или тешка физичка работа.
    Се препорачува користење се до оператвниот зафат.Се носи над долна облека која треба да е памучна.

    Појасот се изработува за лева и десна страна.

    Додај во кошничка
  • Индивидуални производи

    Појас за двострана препонска кила

    Појасот за препонска кила (брух) се користи по препорака на лекар. Со неговото носење се намалува можноста за вклештување на кила при напнување, кашлање или тешка физичка работа.Се препорачува користење се до оператвниот зафат.
    Се носи над долна облека која треба да е памучна.

    Додај во кошничка
  • Индивидуални производи

    Појас за парастомална кила

    Појасот за стома се користи за згрижување на стомата после оперативни постапки како колостома, илеостома или уростома. Овој еластичен појас обезбедува доплолнителна поддршка на попуштениот стомачен ѕид после операција спречувајќи создавање на хернија.

    Додај во кошничка
Shopping Cart