Корективен апарат за корекција на скочен зглоб

2608 | Корективен апарат за корекција на скочен зглоб (Редерсман)
Оваа динамична потколена ортоза која се изработува по индивидуален отисок има вграден флексибилен и еластичен зглоб за глужд, со што се овозможува оптимална контрола на глуждот и стапалото. На задната страна на ортозата вграден е граничник со кој се ограничува и регулира прекумерно спуштање на стапалото.
Пружа добра поддршка кај нестабилност во валгус или варус (навалување на глуждот).
За поголема удобност постои можност за обложување на внатрешноста на ортозата како и можност за додавање на индивидуално произведена влошка под стапалото.

Медицински индикации

М19.1 Посттрауматска артроза на други зглобови;
M19.9 Артроза, неспицифицирано;
M21.0 Валгус деформација, некласифицирана на друго место;
M21.1 Варус деформација, некласифициран на друго место;
M21.2 Флексиона деформација;
M21.9 Стекнати деформации на екстремитети, неспецифицирано;
M36.2 Хемофилична артропатија (D66-D68 );
M24.5 Контрактура на зглоб;
M62.4 Контрактура на мускул;
T93.2 Секвели од фрактура на долен екстремитет;
T93.3 Секвели од дислокација, шинување и истегнување на долен
екстремитет;
T93.5 Секвели од повреда на мускул и тетива на долен екстремитет.

Напомена

* Потврдата за ова ортопедско помагало може да ја издаде ортопед, физијатар или хирург.

Коментари

Се уште нема коментари.

Впишете прв коментар за “Корективен апарат за корекција на скочен зглоб”
Shopping Cart