Дополнителни информации
- Се перат во благ раствор од детергент.
- Не смее да се сушат на извор на топлина.
3.147,00 ден
Влошките Dino со супинациски или пронациски клин се прилагодуваат индивидуално според потребите на корисникот. Тоа се корективни влошки изработени од ортотички материјал кој е антиалергичен и лесно се одржува. Со овие влошки опфаќањето на петата во чашка и високите рабни ивици овозможуваат добра корекција.
За поголеми плановалгуси можно е вградување на клинови за поддршка.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Кожните ортопедски влошки се изработени од висококвалитетна кожа по индивидуален скен на стапалата на корисникот. Во влошката се вградуваат ортопедско-технички додатоци со различни облици, дебелини и тврдини со цел да се добие растоварување на газењето или корекција на деформитетот според скенот на стапалата.
Најчесто вградуваните додатоци во кожните влошки се:
Изборот на вградените додатоци го дефинира лекар врз основа на преглед или наш ортотичар врз основа на дигитален скен на стапалата.
Кожните влошки со скратување се изработени од висококвалитетна кожа по утврденото скратување. Во влошката се вградуваат ортопедско-технички додатоци со различни облици, дебелини и тврдини со цел да се добие растоварување на газењето.
Се препорачува да се носат заради рамномерно оптоварување и заштита на колковите, спречување на појава на сколиоза и болки во лумбалниот дел од рбетот.
Спортските влошки се изработуваат после дигитална анализа на стапалата, по индивидуален отисок на гипсен модел на кој се моделирани сите неопходни корекции со цел оптоварувањето на стапалата да биде оптимално распределено.
Кај овие влошки петата е опфатена со влошката и поради тоа стапалото е статички урамнотежено. Нагазната површина на влошката го прати анатомскиот облик на стапалото со што се обезбедува поголема нагазна површина и рамномерно оптеретување на долната страна на стапалото.
Материјалот од кој се изработуваат овие влошки е EVALUX кој се применува во ортопедијата, не прима влага и ги амортизира и апсорбира ударите при спортување со што се намалуваат микротраумите на стапалата и колената при спортување.
Се одликуваат со мала тежина (50 грама).
Спортските влошки се изработуваат после дигиталната анализа на стапалата , по индивидуален отисок на гипсен модел на кој се моделирани сите неопходни корекции со цел оптоварувањето на стапалата да биде оптимално распределено.
Кај овие влошки петата е опфатена со влошката и поради тоа стапалото е статички урамнотежено. Нагазната површина на влошката го прати анатомскиот облик на стапалото со што се обезбедува поголема нагазна површина и рамномерно оптеретување на долната страна на стапалото.
Материјалот од кој се изработуваат овие влошки e EVALUX кој се применува во ортопедијата, не прима влага и ги амортизира и апсорбира ударите при спортување со што се намалуваат микротраумите на стопалата и колената при спортување. Се одликуваат со мала тежина (50гр).
Коментари
Се уште нема коментари.