Спортски влошки по гипсен отисок

6.150,00 ден

Спортските влошки се изработуваат после дигитална анализа на стапалата, по индивидуален отисок на гипсен модел на кој се моделирани сите неопходни корекции со цел оптоварувањето на стапалата да биде оптимално распределено.
Кај овие влошки петата е опфатена со влошката и поради тоа стапалото е статички урамнотежено. Нагазната површина на влошката го прати анатомскиот облик на стапалото со што се обезбедува поголема нагазна површина и рамномерно оптеретување на долната страна на стапалото.

Материјалот од кој се изработуваат овие влошки е EVALUX кој се применува во ортопедијата, не прима влага и ги амортизира и апсорбира ударите при спортување со што се намалуваат микротраумите на стапалата и колената при спортување.
Се одликуваат со мала тежина (50 грама).

Напомена

  • Заради навикнување на влошките во почеток се почнува со пократки периоди на носење на влошките во тек на денот, со постепено зголемување на интервалот и нивното носење секој нареден ден се до конечно прифаќање.
  • Се бришат со влажна крпа.
  • Не смее да се сушат на извор на топлина.

Коментари

Се уште нема коментари.

Впишете прв коментар за “Спортски влошки по гипсен отисок”
Shopping Cart