Спортски влошки по дигитален отисок
1.680,00 ден
Спортските влошки се изработуваат после дигиталната анализа на стапалата , по индивидуален отисок на гипсен модел на кој се моделирани сите неопходни корекции со цел оптоварувањето на стапалата да биде оптимално распределено.
Кај овие влошки петата е опфатена со влошката и поради тоа стапалото е статички урамнотежено. Нагазната површина на влошката го прати анатомскиот облик на стапалото со што се обезбедува поголема нагазна површина и рамномерно оптеретување на долната страна на стапалото.
Материјалот од кој се изработуваат овие влошки e EVALUX кој се применува во ортопедијата, не прима влага и ги амортизира и апсорбира ударите при спортување со што се намалуваат микротраумите на стопалата и колената при спортување. Се одликуваат со мала тежина (50гр).
Коментари
Се уште нема коментари.