Кожни влошки – индивидуални
950,00 ден
Кожните ортопедски влошки се изработени од висококвалитетна кожа по индивидуален скен на стапалата на корисникот. Во влошката се вградуваат ортопедско-технички додатоци со различни облици, дебелини и тврдини со цел да се добие растоварување на газењето или корекција на деформитетот според скенот на стапалата.
Најчесто вградуваните додатоци во кожните влошки се:
- Повишување во пета со отвор.
- Супинационо перниче.
- Метатарзално перниче.
- Медијално (внатрешно) повишување.
- Латерално (надворешно) повишување.
Изборот на вградените додатоци го дефинира лекар врз основа на преглед или наш ортотичар врз основа на дигитален скен на стапалата.
Коментари
Се уште нема коментари.