Ортозата за колено, скочен зглоб и стапало (Knee Ankle Foot Otrhosis-KAFO) ја опфаќа целата должина на ногата. KAFO ортозата е дизајнирана да обезбеди поддршка и правилно усогласување на зглобот на коленото, стапалото и глуждот, да помогне при мускулна слабост и нестабилност на зглобовите и да го заштити долниот екстремитет.
Оваа ортоза е ефикасна во лекувањето на состојби кои влијаат на функцијата на долните екстремитети, како што сe: полио, парцијални лезии на ‘рбетниот мозок, повреди на нервите, мултиплекс склероза и мозочен удар.
KAFO ортозата се изработува индивидуално.