Ортопедските чевли се помагала за рехабилитација и справување со специфични патолошки состојби на стапалото кога корисникот не може да носи индустриски чевли поради функционални причини. Зависно од потребите на корисникот ортопедските чевли може да се користат како самостојно помагало или во спој со ортози.
Изработката на ортопедски чевли е одговорна работа. Почнувајќи од земањето мерка, изборот на оптималниот модел, изработката на калапот, изборот на соодветен материјал, кроење, составување, прилагодување и финалната испорака.
Ортопедските чевли се секогаш изработени од природни материјали со највисок квалитет (кожа, плута) и вештачки (пена, гума, текстил).
Користењето на различни материјали е заради исполнување на функцијата на ортопедските чевли. Кога е потребна потпора или стабилизација се користат поцврсти материјали кои ако треба и дополнително се појачуваат, но кога е потребно растеретување или ублажување на удари и болка се користат меки материјали.
Придобивки од носењето на ортопедски чевли
- Намалување на болките, отоците и други проблеми поврзани со вашите нозе;
- Подобра поддршка околу сводот на стапалото;
- Зголемување на стабилноста на зглобовите на стапалото и глуждот;
- Олеснување на проблеми во други делови од телото како `рбетот и колковите;
- Спречување на одрeдени деформитети на стапалото.