Pectus carinatum, деформитет познат и како „кокошкини гради“е вроден деформитет на предниот ѕид на градниот кош. Се јавува кога, поради абнормален прекумерен раст на ‘рскавицата, градната коска е испапчена нанадвор.
Во најголем број случаи деформитетот се забележува во рана адолесценција кога градниот кош и остатокот од телото се подложни на интензивен раст за време на пубертетот.
Индивидуалната ортоза за пектус каринатус е дизајнирана да прави постојан умерен притисок врз абнормалниот раст на коските, што полека го запира растот на ‘рскавицата. Во комбинација со вежби, ортозата може да биде многу ефикасна во лекувањето и спречувањето на деформитетот.