Криво стапало е термин за вродена медицинска состојба еквиноварус. Се манифестира така што стапалото е ротирано навнатре, насочено надолу и може да биде зафатено едното или двете стапала.
Додека бебето е мало, природната флексибилност може да се искористи за да се вратат стапалата во правилна положба. Во повеќето случаи, стапалото добро реагира на корекција со методот Понсети.
Методот вклучува нежно манипулирање со стапалото на бебето во правилна положба и поставување на гипс. Кај поизразени состојби на деформитетот потребен е и хируршки зафат после кој се продолжува со поставување на гипс.
По вадењето на гипсот бебињата одредено време треба да носат помагало наречено Денис-Браунови шини, составено од специјални чевли кои се поставени на метална шина со можност за регулација на позицијата на стопалата со цел за да се спречи повторно искривување на стапало.