Центарот за ортотика и протетика Славеј А.Д Скопје со седиште на ул.Васил Ѓоргов бр.45 Скопје, има потреба од вработување на (1 лице) во Подружницата на Славеј а.д.Скопје во Охрид за следната работна позиција:
Агент за продажба за Охрид
Потребни квалификациии:
- Средно медицинско (фармација, медицинска сестра, физиотерапевт или стоматолог).
- Пожелно познавање на Англиски јазик и работа со компјутери (основни програми).
- Поседување на возачка дозвола Б категорија и активно управување со службено возило.
- Работното искуство не е задолжително.
Личен профил
- Стручност и елоквентност;
- Одговорност и организираност;
- Флексибилност за соработка со широк профил на луѓе;
- Професионален и љубезен однос.
Што нудиме:
- Пријатна работна атмосфера;
- Работа со професионален тим;
- Работа во две смени;
- Стручни обуки;
- Годишен одмор 23-26 работни дена;
- Редовна платa;
- Редовен Регрес за годишен одмор и исплата на Новогодишен надоместок;
- Стимул за дополнителен работен ангажман;
- Работниот однос е на неопределено време.
- Државните и верските празници се неработни.
Вашето CV испратете го на e-mail: slavej@slavej.com.mk најдоцна до 20.10.2026г.