Ottobock е германска компанија за ортотика и протетика со седиште во Duderstadt и 49 активни експозитури ширум светот. Уште од 1919 производите и технологиите на Ottobock им помагаат на луѓето со различни степени на телесна попреченост да стекнат нова слобода за движење и да избегнат потенцијални компликации. Дури и по 100 години постоење, компанијата продолжува постојано да инвестира во истражување и развој, со цел да ги усоврши технологиите кои го подобруваат квалитетот на животите од нејзините корисници.
Што ѝ кажува на протезата за рака како да се движи? Како таа знае дали цврсто да ги стегне прстите за да носи куфер, или да ги испружи прстите за да користи тастатура? Во минатото, лицата со ампутација мораа интензивно да учат со цел да им задаваат сложени сигнали на своите протези преку мускулни контракции. Денес, протезите се тие кои учат од корисниците. Благодарение на електродите кои ги регистрираат биолошките сигнали во остатокот од подлактицата и вештачката интелигенција, Ottobock протезите може да предвидат како корисникот сака да се движи. Потоа, протезата автоматски ги насочува овие сигнали во правилно движење на раката.
Денес Ottobock е глобален лидер за бионика, која може да унапреди или целосно замени делови од човечкото тело. Директно се одговорни за неколку револуционерни иновации во протетиката, како што се пирамидалниот адаптер, високо прилагодлива врска за делови од протези и C-Leg, микропроцесорски контролиран зглоб на колено кој го прилагодува пасивниот отпор зависно од потребите на пациентот, патентиран во 1997 година. Ottobock e технолошки најсовремена компанија за горни екстремитети, со патент за Раката на Микеланџело, потполно компјутеризирана роботска протеза за рака, а во 2017 година компанијата ја откупи и Bebionic, роботска протеза за рака од компанијата Steeper.
Комбинираниот напредок на компјутерската, сензорската и моторната технологија значи дека корисниците сега може да ја користат протезата за трчање, возење велосипед и пливање. Корисниците едноставно одбираат начин на работа, на пример преку апликација на нивниот паметен телефон. Ова покажува колку дигиталната трансформација отвора нови можности. Истовремено, таа создава и нови побарувања – на пример, преку специјална облога на Bebionic роботската протеза за рака може лесно да се ракува со екрани чувствителни на допир, како што се оние на мобилните телефони и таблети.
Ottobock прв ја претстави C-Leg – првата протеза за нога целосно контролирана од микропроцесори, уште во 1997 година. Искуствата стекнати со неа доведоа до новата, Genium од 2011 година. Ова решение симулира целосно природен и речиси совршен физиолошки пасивен отпор со помош на микропроцесори, микросензори и микромотори. Ова им овозможува на корисниците да се движат со максимална безбедност, дури и по тешки површини.
Ottobock не им помага само на луѓето со засегната подвижност. Своето искуство го користат за одржување на здравјето на луѓето и на други начини. Врз основа на познавањата од биомеханика и ортопедија, имаат развиено егзоскелети кои им помагаат на луѓето во тек на напорни активности, така што го намалуваат оптоварувањето. Paexo Shoulder егзоскелетот, на пример, пружа поддршка на грбот и надлактиците во тек на работа во исправена состојба – што е многу корисно во автомобилската индустрија и молерофарбарството.