Електромоторна инвалидска количка Јuvo B4 – Ottobock

Јuvo B4 е електромоторна количка за надворешна употреба.

Има погон на задните тркала, а со тоа зголемена безбедност и удобна амортизација. Нејзините мали надворешни димензии го олеснуваат возењето во затворен простор и низ тесни врати.
Како и сите модели од линијата на производи Juvo, B4 има модуларен дизајн кој нуди високо ниво на пролаогодливост.

Има вградени тркалца против превртување и амортизери на погонските тркала за удобно возење по нерамни површини.
Има можност за навалување на седиштето до 45 ° заради распределба на оптеретувањата

Карактеристики

  • Носивост 140/160 kg;
  • Тежина на количката 107 kg;
  • Ширина на седиштето 340-560 mm;
  • Длабочина на седиштето 340-500 mm;
  • Висина на седиштето 400-550 mm
  • Брзина 6/7.2/10/14 km/h;
  • Опсег 35 km;
  • Совладување угорнина до 10/17 %
  • Батерии 2х12V 63/74 Ah

Медицински индикации

G10-G13 Системски атрофии што примарно го зафаќаат централниот нервен систем;
G20-G26 Екстрапирамидални заболувања и заболувања на движењето;
G30-G32 Други дегенеративни болести на нервниот систем;
G35-G37 Демиелинизирачки болести на централниот нервен систем;
G60-G64 Полиневропатии и други заболувања на периферен нервен систем;
G71-G72 Болести на мионевралната спојака на мускул;
G80.0 Спастична церебрална парализа;
G80.2 Спастична хемиплегична церебрална парализа;
G80.3 Дискинетична церебрална парализа;
G80.9 Инфантилна церебрална парализа, неозначено;
G81(G81.0-G81.9) Хемиплегија;
G82(G82.0-G82.5) Параплегија и тетралегија;
I69(I69.0-I69.8) Секвели од цереброваскуларна болест;
Z89(Z89.5-Z89.8) Стекнат недостиг на долен екстремитет;
Z96.6 Присуство на ортопедски зглобни имплантанти на нога;
T93.2; T93.6; T93.9 Секвели од повреди на долен екстремитет;
T95.3 и T95.9 Секвели од изгореници, корозии и смрзнатини;
M05; M06; M07; M08; M10 Воспалителни полиартропатии;
M15.9 Полиартроза, неозначено;
M30-M36 Системски заболувања на сврзното ткиво;
B91 Секвели од полиомиелит.

Дополнителни информации

Индикации исти како кај Инвалидска собна количка-стандард, со потежок степен на телесен хендикеп, за осигурени лица што се на школување и во работен однос. Индикационо подрачје – кај лица со највисок степен на онеспособеност на локомоторниот систем, кога поради парализа или деформитет на раката и ногата неможат активно да движат количка на рачен погон, но со движење на прстите или главата може да управува со електромоторна количка.

Коментари

Се уште нема коментари.

Впишете прв коментар за “Електромоторна инвалидска количка Јuvo B4 – Ottobock”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Shopping Cart