Ахилова чизма со воздух – Malleo Immobil Air Walker
6.600,00 ден
2304 | Потколен апарат со скочен зглоб и метална сандала
Доплата: 2.190 ден.
Malleo Immobil Air Walker е ортоза која се користи за конзервативно и постоперативно лекување на повреди во пределот на стапалото и глуждот. Може да се користи за широк спектар на апликации кои се движат од повреди на лигаменти, меки ткива, и повреди на тетива до фрактури на преден дел на стопалото и глуждот. Исто така можна примена има и кај ампутации на exostosis кај hallux valgus.
-
- Лесно се аплицира со лепливи ленти
- Одговара за лева и десна нога
- Заоблениот дел за газење овозможува физиолошко одење со ортозата
- Влошките во ортозата ја подобруваат удобноста
- Интегрираната воздушна пумпа овозможува подобро налегнување и стабилност на стопалото.
- Со сетот од клинови кои се вметнуваат под петата се добива бараната флексија на скочниот зглоб кај руптура на Ахилова тетива.
Медицински индикации
- Фрактури на дисталната фибула
- Постоперативно и конзервативно лечење на скршениците кај предниот дел на стапалото, метатарзусот и глуждот
- Искривување/превиткување на глуждот
- После повреди на меките делови на стапалото
- Руптура на Ахилова тетива
Големина
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Related Products
-
Индивидуални производи
Корективен апарат за корекција на скочен зглоб
2608 | Корективен апарат за корекција на скочен зглоб (Редерсман)
Оваа динамична потколена ортоза која се изработува по индивидуален отисок има вграден флексибилен и еластичен зглоб за глужд, со што се овозможува оптимална контрола на глуждот и стапалото. На задната страна на ортозата вграден е граничник со кој се ограничува и регулира прекумерно спуштање на стапалото.
Пружа добра поддршка кај нестабилност во валгус или варус (навалување на глуждот).
За поголема удобност постои можност за обложување на внатрешноста на ортозата како и можност за додавање на индивидуално произведена влошка под стапалото. -
Потколени ортози
Корективен апарат за корекција на скочен зглоб – Редерсман
7.922,00 ден2608 | Корективен апарат за корекција на скочен зглоб
Овој корективен апарат Редерсман овозможува рана мобилизација со прилагодување на степенот на дорзифлексија и плантарна флексија на позицијата на глуждот.
Се користи за пост-оперативна стабилизација при повреди на тетивите, лигаментите и меките ткива. Кај хронична нестабилност на лигаментите, нестабилни фрактури на дисталната тибија и фибула, фрактури на фибула кои се решени со импланти. -
Потколени ортози
Потколен апарат со скочен зглоб и метална сандала – Ахилова чизма
4.410,00 ден2304 | Потколен апарат со скочен зглоб и метална сандала
Оваа ортоза со скочен зглоб и метална сандала се користи за конзервативен и постоперативен третман на фрактури на потколеница, за постоперативен третман на лигаменти на скочен зглоб, меки ткива и тетиви, за третман кај хронична нестабилност на лигаментите и дислокација на перонеална тетива, за продолжено лекување на talus calcaneus, за рана функционална терапија по конзервативен или хируршки третман на руптура на Ахилова тетива.
-
Ортози
Потколена корективна лонгета за корекции на деформитети на стaпало
2.584,00 ден
Со овааа ортоза за деформитети на стапало обезбедуваме одмор, физиолошка позиција на стапалото по операција на коските или меките ткива на стапалото или глуждот, во случаи на хемиплегија, параплегија и повреда на периферни нерви, после операции на Ахиловата тетива, како и после фрактури на глуждот и стапалото.
Се користи за позиционирање на зглобот на колкот и зглобот на глуждот во случаи кога лекувањето бара долг одмор во кревет. -
Индивидуални производи
Потколена корективна лонгета за корекција на деформитети на стапало
2610 | Потколена корективна лонгета за корекција на деформитети на стапало
Ортоза на глуждот (AFO) која е изработена по индивидуален отисок помага за подобрување на начинот на одење преку спречување или ограничување на несакани движења на потколеницата и стапалото, притоа давајќи поддршка на послабите мускули на потколеницата.
Исто така се користат за одржување на позицијата на скочните зглобови, корекции на деформитети и помагаат во намалувањето на спастичноста. Изработена е од пластика со можност заради поголема удобност да се обложи од внатрешната страна на ортозата.
Коментари
Се уште нема коментари.