Ортоза за стабилизација на патела – Patella Pro – Ottobock.
8.312,00 ден
Синдромот на пателофеморална болка (болка зад пателата) е честа причина за болка во предниот дел на колената. Од разни биомеханички причини, пателата може болно да испадне од својата природна положба.
Тоа е причината заради која е креирана Patella Pro. Ортозата ја држи пателата во центар при флексија и при екстензија на коленото.
Специјалниот механизам на ортоза осигурува и обезбедува само онолку поддршка колку што е потребно
Корисниците на Patella Pro потврдуваат големо намалување на болката во предниот дел на колената, чувство на сигурност за време на секојдневните активности и значително подобрување на квалитетот на нивниот живот.
Медицински индикации
- Пателофеморален синдром
- Хондропатија на патела
- Хондромалација на патела
- Ретропателарен остеоартритис
- Дислокација/ сублуксација на патела
- После повреда на пателарните лигаменти
- Болка во предниот дел од коленото по оперативни зафати
Коментари
Се уште нема коментари.