Зглобот на рамото е еден од трите синовијални зглобови во рамениот појас. Се работи за многу подвижен зглоб кој е контролиран од мускулите. Постојат повеќе фактори кои може да доведат до нестабилност во пределот на рамото.
Причини
Причини за нестабилно рамо може да бидат повеќе. Во некои случаи, нестабилноста на зглобот на рамото е последица на прекумерно истегнатите структури на капсуларните лигаменти или мускулна дисфункција. Во други случаи причината е траума или по хируршки третман.
Нестабилноста на рамото, главно се однесува на зглобот помеѓу надлактицата и лопатката на рамото (гленохумерален зглоб).
Нестабилноста може да доведе до дислокација. Во овој случај, главата на зглобот на коската на надлактицата (хумерус) не е во лежиштето на зглобот.
Дијагноза
Нестабилноста на рамото ја дијагностицира ортопед по земање детална историја и евалуација на наодите. Постапките за снимање како што се рендген, компјутерска томографија (КТ) и магнетна резонанца (МРИ) даваат дополнителни информации за точната состојба на рамото. Во исто време може да се дијагностицираат или исклучат истовремени повреди на мускулите.
Третман
Третманот за нестабилно на рамо е индивидуален. Конзервативниот пристап вклучува физикална терапија. Посебен фокус се става на зајакнување на мускулите на целиот рамен појас. Ортозите се користат за да се спречат неконтролирани движења, кои би го забавиле заздравувањето.
Во случаи на хируршка интервенција, ќе биде потребна и рехабилитација по процедурата, а можеби и во договор со хирургот, ортоза.