Ортози за колено, скочен зглоб и стапало (KAFO)

Ортозата за колено, скочен зглоб и стапало (Knee Ankle Foot Otrhosis-KAFO) ја опфаќа целата должина на ногата. KAFO ортозата е дизајнирана да обезбеди поддршка и правилно усогласување на зглобот на коленото, стапалото и глуждот, да помогне при мускулна слабост и нестабилност на зглобовите и да го заштити долниот екстремитет.

Оваа ортоза е ефикасна во лекувањето на состојби кои влијаат на функцијата на долните екстремитети, како што сe: полио, парцијални лезии на ‘рбетниот мозок, повреди на нервите, мултиплекс склероза и мозочен удар.

KAFO ортозата се изработува индивидуално.

2103SL

Натколен апарат со зглоб во колк, зглоб во колено, со узенгија вградена во чевел

2105SL

Натколен пластичен апарат со зглоб во колено и скочен зглоб

2607SL

Натколен корективен апарат со метална сандала за корекција на варус или валгус на колено

2101SL

Натколен апарат со слободен или закочен зглоб во колено со узенгија вградена во чевел

2102SL

Натколен апарат со слободен или закочен коленски зглоб со метална сандала

2105SL / 2506SL

Натколен пластичен апарат со зглоб во колено и скочен зглоб во спој со ТЛСО пластичен корсет

2609SL

Натколена корективна лонгета за корекција на контрактури во колено и скочен зглоб

Закажете бесплатна консултција

Закажи

Гоца Богоевска

Благодарам, е мал збор за да се опише професионалноста и пред се човечноста на сите вработени во Славеј.

Повеќе

Зоран Јовановски

Имам модерна, активна и лесна количка со која многу ми е полесно да се движам и можам многу повеќе да направам.

Повеќе

Тања Јордева

Благодарение на Марија и Славеј јас го живеам животот во полн здив.

Повеќе
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.