‘Рбет

Индивидуалните ортози за `рбет (спинални ортози) се наменети за поддршка и стабилизирање на цервикалниот, торакалниот и лумбалниот ‘рбет. Овие типови на ортози може да се користат постоперативно, за да се обезбеди правилно заздравување, за лекување на хронична болест или состојба, како и за повреди на ‘рбетот.

Резултатите од третманот зависат од изработката и прецизноста на ортозата. Затоа во Славеј, индивидуалните ортози за ’рбет се изработуваат дигитално. Прво со помош на скенер се земаат мерки од торзото, со што се добива дигитална слика, според која на специјална CNC машина, се изработува прецизна ортоза.

Славеј има искусни и специјализирани ортотичари за изработка на спинални ортози.

Доколку на вашето дете му е дијагностицирана сколиоза, прочитајте повеќе во делот за сколиоза.

2503SL

Милвоки мидер

2506SL

Корсет за кифоза или сколиоза пластичен тип ТЛСО

2504SL

Корсет за кифоза или сколиоза пластичен тип ЦБВ

2505SL

Корсет за кифоза или сколиоза пластичен тип Шено

Закажете бесплатна консултција

Закажи

Гоца Богоевска

Благодарам, е мал збор за да се опише професионалноста и пред се човечноста на сите вработени во Славеј.

Повеќе

Зоран Јовановски

Имам модерна, активна и лесна количка со која многу ми е полесно да се движам и можам многу повеќе да направам.

Повеќе

Тања Јордева

Благодарение на Марија и Славеј јас го живеам животот во полн здив.

Повеќе
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.