Ортопедски чевли

Ортопедските чевли се помагала за рехабилитација и справување со специфични патолошки состојби на стапалото кога корисникот не може да носи индустриски чевли поради функционални причини. Зависно од потребите на корисникот ортопедските чевли може да се користат како самостојно помагало или во спој со ортози.

Изработката на ортопедски чевли е одговорна работа. Почнувајќи од земањето мерка, изборот на оптималниот модел, изработката на калапот, изборот на соодветен материјал, кроење, составување, прилагодување и финалната испорака.

Ортопедските чевли се секогаш изработени од природни материјали со највисок квалитет (кожа, плута) и вештачки (пена, гума, текстил).

Користењето на различни материјали е заради исполнување на функцијата на ортопедските чевли. Кога е потребна потпора или стабилизација се користат поцврсти материјали кои ако треба и дополнително се појачуваат, но кога е потребно растеретување или ублажување на удари и болка се користат меки материјали.

Придобивки од носењето на ортопедски чевли

  • Намалување на болките, отоците и други проблеми поврзани со вашите нозе;
  • Подобра поддршка околу сводот на стапалото;
  • Зголемување на стабилноста на зглобовите на стапалото и глуждот;
  • Олеснување на проблеми во други делови од телото како `рбетот и колковите;
  • Спречување на одрeдени деформитети на стапалото.

 

4113SL

Чевли кај скратување на екстремитети над 6 см

4103

Чевли кај скратување на екстремитети од 1-3 см

4108LAJPCIG

Чевли со вградена узенгија за две стапала – Лајпциг

4107LAJPCIG

Чевли со вградена узенгија за едно стапало – Лајпциг

4107SLFZOM

Чевли со вградена узенгија за едно стапало

4108SLFZOM

Чевли со вградена узенгија за две стапала

4107PRIV

Чевли со вградена узенгија за едно стапало – Прив

4108PRIV

Чевли со вградена узенгија за две стапала – Прив

4109SL

Специјални ортопедски чевли по гипсан модел

Закажете бесплатна консултција

Закажи

Гоца Богоевска

Благодарам, е мал збор за да се опише професионалноста и пред се човечноста на сите вработени во Славеј.

Повеќе

Зоран Јовановски

Имам модерна, активна и лесна количка со која многу ми е полесно да се движам и можам многу повеќе да направам.

Повеќе

Тања Јордева

Благодарение на Марија и Славеј јас го живеам животот во полн здив.

Повеќе
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.