Индивидуалните влошки се препознатлив бренд од работилницата на Славеј. Се изработуваат рачно, од кожа или ортотички материјали. Секоја влошка овозможува рамномерно оптоварување на стапалото,рамномерно распоредување на притисокот и намалување на болката.
Во Славеј со скенер се прави 3Д дигитален отисок на стопалото со кој се дијагностицира оптоварувањето на стапалата. Со оваа анализа нашите ортопедски техничари ги детектираат зоните на притисок на стапалото и врз основа на вака анализираните податоци, дизајнираат ортопедска влошка според индивидуалните потреби на секој корисник.
Специфичен производ во нашата понуда се индивидуалните спортски влошки за професионалните спортисти на кои им е потребна ортопедска влошка со минимална дебелина и максимална издржливост.