Најновата технологија за протетика на горните екстремитети е генерално поврзана со миоелектронски шаки. Миоелектронските протези имаат електроди кои се поставени на преостанатиот екстремитет и ги детектираат електричните импулси, што телото ги создава кога мускулите контрахираат. Врз основа на електричните импулси што ги детектираат електродите, шаката е програмирана да направи одредена акција.
Миоелектронската шака е наменета за лица со добра мускулна функција на преостанатиот екстремитет со цел да се генерира соодветна реакција на шаката. Пред да се направи протезата,потребно е тестирање на функцијата на мускулите со поставување електроди со цел да бидеме сигурни дека сигналот може да предизвика дејство.
За миоелектронските протези е потребна обука на корисникот за да се научи како да ги активира различните мускули со цел да ја добие саканата акција од шаката. Запомнете дека трпението и упорноста на крај ќе се исплатат. Откако ќе научите да ги користите овие протези, може многу да ви помогнат во секојдневните активности.