Ампутација над лакт

Протетика на горните екстремитети

Одбери според
Ниво на ампутација

Ампутација на рака во пределот над лактот, најчесто е последица на траума, болест или инфекција. Околу 30 проценти од ампутациите на горните екстремитети се над лактот.

На кое ниво ќе биде ампутацијата зависи од различни фактори. Одлуката се носи врз основа на медицинските индикации и можноста за успешно користење на протези на одредено нивона ампутација. Ако се соочувате со ампутација или претходно сте имале ампутација над лактот, важно е да знаете дека во процесот на рехабилитација не сте сами. Бидете трпеливи и побарајте поддршка секогаш кога кога ви е потребна.

Избор на протетичар и протеза

Целта на протетската рехабилитација е да се подобри квалитетот на вашиот живот преку подобрување на  функцијата и враќање на  естетскиот недостаток. Нашите протетичари за горни екстремитети, се искусни во изработка на протези за сите нивоа на ампутација или во случаи кога има разлика во екстремитетите.

Протезите над лактот обично се составени од лежиште, суспензија, лакотен зглоб и шака или кука, изработени се од различни  материјали и користат различни технологии, а вашиот протетичар ќе работи со вас и ќе ви ги предложи најдобрите опции за вас со компоненти кои  најдобро ќе ги задоволат вашите потреби, во согласност со  вашето општо здравје и вашите потреби.

 

 

 

Закажете бесплатна консултција

Закажи

Гоца Богоевска

Благодарам, е мал збор за да се опише професионалноста и пред се човечноста на сите вработени во Славеј.

Повеќе

Зоран Јовановски

Имам модерна, активна и лесна количка со која многу ми е полесно да се движам и можам многу повеќе да направам.

Повеќе

Тања Јордева

Благодарение на Марија и Славеј јас го живеам животот во полн здив.

Повеќе
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.