Ампутација на рамо (дезартикулација на рамо) е ретка ампутација и како најчести причини се: операција за отстранување на рак или инфекција и траума. Овој тип на ампутација е сложен и вклучува отстранување на подлактицата, коската на надлактицата до рамото и клучната коска. Многу е важно, што е можно порано по операција, да почнете да размислувате за тоа кои се вашите потреби после ампутацијата. Ова ќе му помогне на вашиот тим да го одреди најдобриот план за лекување и ќе ви помогне да ги постигнете очекувањата.
Одбирање на протетичар и протеза
Ако сметате дека протезата е вистинското решение за вас, исклучително е важно да одберете искусен протетичар за горни екстремитети. Нашиот тим на протетичари ќе ја проценат вашата состојбата и ќе ви го понудат најдоброто решение.
Разговарајте со вашиот протетичар за тоа кои се вашите опции, бидејќи има многу протетски решенија дизајнирани за различни функционални потреби. Во зависност од вашите потреби, протетичарот ќе ви препорача една од неколку типови на протези за горните екстремитети.
Бидејќи протезите на горните екстремитети се составени од неколку делови, сè мора да функционира беспрекорно. Процесот бара време, затоа бидете трпеливи и побарајте поддршка кога ви е потребна. Во секој чекор од процесот, протетичарот ќе биде со вас, заедно со вашите лекари, физиотерапевти, семејството и пријателите.